Вештачката интелигенција знае од нула да создаде нов вирус

Научници денес користат вештачка интелигенција и компјутерски системи што учат шеми од податоци, за од нула да напишат комплетни вирусни геноми во лабораторија. Ваквите вируси изградени од ВИ се бактериофаги, вируси што инфицираат бактерии, а не луѓе, што ги прави корисни за тестирања но и за ежење, кога ќе помислиш...

Паралелно од ова, студија предводена од Мајкрософт покажала дека алатките за вештачка интелигенција можат да редизајнираат познати токсини, така да тие избегнат вообичаени безбедносни ДНК проверки.

Ова откритие на научниот тим на Микрософт би требало да  помогне скринингот на ДНК да стане посигурен за лабораториите и компаниите за синтеза.

Истовремено, станува јасно дека на експерти ќе им биде тешко да предвидат како машински дизајниран вирус или протеин би можел да се однесува во реални експерименти.

Неодамна на истражувачи им тргнало од рака успешно да одгледаат 16 функционални вируси. Тие инфицираат само специфични бактерии, па лекарите се надеваат дека прилагодени коктели можат да лекуваат тврдокорни инфекции, а воедно да ги заштедат корисните микроби и човечките клетки.

Ова спаѓа во жанрот истражувања со двојна употреба, нешто што може или да помогне или да наштети во зависност од намерата. Истиот алгоритам што ги оптимизира капките лекови во инхалатори за астма, исто така нуди увид во рецепти за поефикасни аеросолизирани хемиски или биолошки напади.

Студијата е објавена во магазинот Science.

8 јануари 2026 - 13:20