Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Изложба „На Мајката земја“ на Сашо Алушевски во Паркот на франкофонијата

2 December 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „На Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје.
  • Преку суптилна деконструкција на лисја, земја, камен и вода, сликите ја расплетуваат врската меѓу визуелното и физичкото. Материјата се претвора во знак, а фотографијата — иако фиксирана — упорно одбива да биде статична. Таа сведочи за својата ограниченост, нудејќи простор каде што претставата и реалноста се разидуваат.
  • Во реализацијата се користени природни материјали и повеќе аналогни фотографски техники: цијанотипија, Ван Дајк, гумотипија и гумомаслена техника, колодиум, мордансаж и лумен процеси.
извор

Сите добитници на Златни глобуси 2026

12 January 2026
  • Share
  • Post
  • Овогодинешните Златни глобуси беа доделени на церемонија одржана на 11 јануари во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анѓелес, која повторно ја водеше комичарката Ники Глејзер.
  • „Една битка по друга“ беше ѕвездата на вечерта, освојувајќи ја престижната категорија за најдобар филм – мјузикл или комедија. Филмот „Хамнет“ го освои Златниот глобус за најдобра драма. 
  • „Адолесценција“ е најдобра мини-серија, а доби и три награди за глума, меѓу нив и за Овен Купер, кој на 16-годишна возраст стана најмладиот добитник на Златен глобус за најдобар спореден актер. 
  • Најдобар странски филм: Тајниот агент
    Најдобра оригинална музика: Лудвиг Герансон – Грешници
    Најдобра ТВ серија – Драма: The Pitt
    Најдобра ТВ серија – Мјузикл или комедија: The Studio
  • Оваа година за прв пат беше доделена наградата Најдобар подкаст: Good Hang With Amy Poehler.
извор

На 70 години почина унгарскиот режисер Бела Тар

6 January 2026
  • Share
  • Post

фото: EpaImages

  • Бела Тар, унгарскиот култен режисер и еден од највлијателните европски филмски режисери од неговата генерација, почина на 70 години. Веста за неговата смрт ја потврди Европската филмска академија, чиј долгогодишен член беше Тар, наведувајќи дека починал „по долго и тешко боледување“. 
  • Тар беше основач на движењето познато како „бавен филм“, кое се карактеризира со црно-бела естетика, екстремно долги, непрекинати кадри, минимален дијалог и отфрлање на традиционалниот наративен заплет. Неговите филмови честопати нудеа мрачен, но длабоко човечки приказ на секојдневниот живот во Источна Европа.
  • Ова можеби најдобро е отелотворено во неговиот монументален филм од 1994 година „Сатантанго“ (направен врз основа на истиомениот роман на Нобеловецот Ласло Краснахоркаи), во траење од седум и пол часа, приказ за борбите на жителите на едно мало унгарско село по падот на комунизмот. И покрај својата должина, филмот стана едно од критички најпофалените дела на Тар и редовно се појавува на листите на најдобри филмови на сите времиња.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Америка не ги признава долговите од нафтата која ја продава

Свет
2

Женската која ги помири Карлеуша и Садгуру

Македонштина
3

Кај Тарантино нема вакви дијалози

Македонштина
4

Раул на македонски им се обраќа на Србите на тајм-аут

Фудбал
5

Германија ја натера Тојота да исклучи греење кај Лексуси

6

Миљан Миљаниќ, учителот на Реал Мадрид испратен во вечноста со „Битола мој роден крај“

Фудбал
7

Остај го ма нека јаде човекот

Македонштина
8

Парадоксот на српскиот ракомет

Ракомет
1

Зошто „Приказната за Силјан“ се води како документарец?

Bookbox
2

„Месечеви дрвја“ - каде има растенија пораснати од семки што биле во вселената?

Bookbox
3

Стинг на суд со колегите од „Полис“

Bookbox
4

Би користеле ли здрав шеќер направен од лигави габи?

Bookbox
5

Како малите цицачи го смалуваат мозокот за да го преживеат студот?

Bookbox
6

„Конгруенција“ или како да престанеш да се преправаш кој си

Bookbox
7

Оксфордскиот речник на англиски јазик додаде (уште) 11 јапонски зборови

Bookbox
8

Џорџ Орвел: Јануари ни е пријател

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Кај Тарантино нема вакви дијалози

Македонштина

Женската која ги помири Карлеуша и Садгуру

Македонштина

Остај го ма нека јаде човекот

Балканштина

Како малку да се збуни комшијата

Разно

Вевчани 2026

Балканштина

Криптиран муштерија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Луѓето се преглупи за демократија

Оганот во кој изгоре една „хуманитарна“ лага

На исток ништо ново

Вакцинацијата на децата како нивна „крштевка“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy