- Maргарет Атвуд, Џејн Фонда, Мајкл Палин, Боно, Барак Обама, Били Ајлиш - сите тие и куп други со свои пораки му оддаваат почит и му го честитаат 99-тиот роденден на британскиот природонаучник, водител и писател, популаризатор на науката и грижата за природата.
- Арундати Рој пишува: „Тој покажа како секое живо суштество на оваа планета е поврзано во еден голем жив ентитет. Сами, ние сме ништо. Не поседуваме и не контролираме ништо, освен веројатно нивото до кое би можеле да уништиме сè.“
- Маргарет Атвуд: „Живеев во Единбург кога започна првата серија на Дејвид. На улиците тие вечери немаше никој. Сите беа дома и гледаа - ја гледаа природата како што никогаш не ја беа виделе претходно“. (фото: Epa Images)
(фото: Epa Images)
- Денес (13 мај) започнува 78. издание на Kaнскиот филмски фестивал, кој ќе трае до 24 мај. Жирито ќе го предводи француската актерка Жулиет Бинош.
- Спајк Ли, претседателот на жирито од 2021 година, се враќа со филмот „Од највисоко до најниско“, лична интерпретација на „Помеѓу рајот и пеколот“ од Куросава, во кој глуми Дензел Вашингтон (за тоа како оригиналниот филм го променил кривичниот закон на Јапонија пишувавме тука).
- Вкупно 22 филма се најавени во главната конкуренција, a oвогодинaшниот натпревар укажува на смена на генерации, но некои добро познати имиња сè уште се таму: браќата Дарден, двократни победници од Белгија, со филмот „Млади мајки“, Украинецот Сергеј Лозница со „Двајца обвинители“ и Шкотланѓанката Лин Ремзи со адаптацијата на романот „Умри, љуби“. Вес Андерсон ќе се бори за „Златната палма“ по четврти пат со филмот „Феникиската шема“, со стандардна екипа и неколку свежи лица .
- Иако има 42 години, поетесата Искра Донева повеќе од две децении не влегла во просториите на Друштвото на писателите на Македонија. Од основањето во 1947 година, Друштвото е вдомено на една од најатрактивните локации во Скопје, но во стар објект кој не ги отвора широко портите за лицата со попреченост. Минатата недела во ДПМ беа одбележани два значајни настана – одбележување на јубилејот „80 години од кодификацијата на стандардниот македонски јазик“ со претставување на шестемина од новите осум членови на Друштвото и за првпат беше искористен транспортерот за пренос на инвалидски колички од тротоарот пред зградата до просториите на писателската асоцијација.
- Транспортерот „Антано“ е произведен во Италија. Обезбеден е со помош на отец Пимен и „пријателите со големо срце“. Количката е донација од раководството на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
- Помагалото беше првпат употребено пред неколку дена на промоцијата на новите членови на ДПМ. Сите возбудени, помалку несигурни во првиот обид, им помогнал случаен минувач и се поминало во најдобар ред. Живко Грозданоски, претседател на ДПМ, вели дека отворањето на вратите на Друштвото за лицата со попреченост, како и секоја форма на инклузивност, значи збогатување на животите.