Казуки Јамамото, уметник на млечна пена или latte artist, има 26 години и живее во Осака. Од неговиот Твитер акаунт @george_10g секојдневно постира нови креации, но не е единствен ваков уметник кој во последно време се појавил во Јапонија. Кафеинизираниот Ајшнтајн, на пример, е дело на другар му Кохеи Мацуно, кој „оживува" познати уметнички дела (како „Крик" на Мунк), а црта на пена и по нарачка.
Основните алатки на овие уметници се чепкалките за заби и лажиците, а целиот процес трае 3-5 минути. Но, зошто ваквите дела доживуваат бум токму во Јапонија? Можеби заради традиционалната јапонска естетика која се потпира на два принципа - ваби-саби и моно-но аваре, според кои „голем број се убави токму затоа што се краткотрајни и лесно кршливи". Како на пример расцутеното гранче цреша, кое трае само една или две недели секоја година, за потоа цветот да го однесе ветерот. Убаво е затоа што знаеш дека нема друга цел освен да постои, самото за себе. И исто, како и со пената, да не потсети на минливоста.