Грррр!, мх-мх, пфффф - ова се „зборовите" содржани во Sound-Word Index, создаден на иницијатива на Бланш де Лас и Стин Громарк, кој ги опфаќа различните ономатопеи кои ги користиме за изразување на нашите чувства на социјалните мрежи или преку електронска пошта.
„Чувствата и нивниот звук често се дел од нашите дигитални пораки. Нашите зборови стануваат флексибилни и вибрираат во склад со силината на нашите гласови, претворајќи го нивниот пишан облик во експресивен и резонтантен јазик. Без помош на говорот на телото, зборовите во дигиталната конверзација често не можат да ги изразат чувствата. Звукот, силината, ритамот, влијаат на начин на кој тие зборови можеме да ги напишеме, и така да ги изразиме чувствата скриени зад компјутерските екрани", се наведува на сајтот на проектот.
За секој збор не само што има објаснување на значењето, туку и аудио снимка од истиот, што го прави сајтов многу хм-качки и оф-качки. Уште примаат предлози, а сигурно има и такви ономатопеи кои се разбирливи само локално. Пример „па-па-па“ и „туууу“ (што стори). И ние звуци за трка имаме.