Тој во текот на денот пиел по неколку шољи од пијалокот, во кого ставал неколку лажички шеќер. А ова за него не бил здравствен или финансиски, туку револуционерен проблем. Во либералните кругови во кои се движел славниот поет јадењето шеќер било исто толку политички коректно колку што е денес носењето вистинско животинско крзно.
Во 1791, една година пред раѓањето на Шели, аболиционистот Вијам Фокс го објавил својот анти-шеќерен памфлет, кој повикувал на бојкот на „крвавиот" шеќер, одгледуван од робовите во нечовечки услови во британските колонии. „Можеме да сметаме дека со секој грам шеќер ние консумираме два грама човечко месо", напишал Фокс. Неговиот повик толку силно оддекнал, што набргу 400,000 Британци се откажале од шеќерот.
Овој бојкот длабоко повлијаел врз најсаканиот англиски ритуал, пиењето попладневен чај. Ако во осумнаесетиот век британската домаќинка не им понудела шеќер со чајот на нејзините гости, тоа се толкувало како политички чин. И продавачите се нашле во небрано, па наскоро почнале да продаваат шеќер од „источните Индии“ односно од источна Азија, а на кутиите пишувале дека „не е направен со робовски труд".
Водачи на бојкотот биле колегите-поети на Шели, Колериџ и Роберт Саути, кој го опишал чајот како „пијалок со вкус на крвава пот". Шели ги употребил токму овие зборови во неговата прва подолга песна во 9 дела, Кралицата Маб, во која ги опишува робовите на плантажите кои произведуваат „сезагадувачки лускуз и богатство". И тој и неговата втора жена Мери Шели, пиеле незасладен зелен чај, но со највисок квалитет, кому и не му е потребен шеќер за да ги покрие горчливите ноти. Ваков чај тој нарачувал и додека живеел во Италија, во последните четири години од неговиот живот.
За сепак да си го задоволи меракот за благо, Шели лижел мед директно од саќе, а богами и јадел и колачи со ѓумбир. Човекот бил аристократ и можел тоа да си го дозволи - откако бил исфрлен од Оксфорд заради памфлетот „Неопходноста на атеизмот" тој се шалел дека е всушност „теист", односно дека е религиозно посветен на чајот.
Иако докторите од негово време алармирале дека прекумерното пиење чај штети на здравјето, тоа не го загрижувало. Она што на крај го убило не бил чај туку бура - еден месец пред неговиот 30ти роденден се удавил на брегот на Италија.