„Загубивме маркантен, брилијантен и незаменлив човек. Многу го сакам. Ме научи многу нешта, и без него немаше да знам ништо за правењето филмови“, напиша Џармуш на Твитер откако беше објавена веста за смртта на Милер.
Роден во 1940, Милер е опишан како еден од најголемите филмски уметници на втората половина на 20 век. По студиите на Холандската филмска академија, тој работел како асистент на камера на бројни филмови во Холандија и Германија. Го снимал првиот игран филм на Вендерс, „Лето во градот“, а потоа заедно работеле на уште десет други. Веројатно најуспешната нивна соработка е „Париз, Тексас“ кој ја доби Златната палма во 1984.
Од осумдесетите Милер работел со голем број денес познати режисери, како Питер Богданович, Вилијам Фридкин, како и со млади алтернативни автори каков што тогаш бил Џим Џармуш, на Down by law, Mystery Train, Dead Man и Ghost Dog: Way of the Samurai. Списокот на филмови на кои работел е фасцинантен, и ги вклучува, меѓу другите, Dancer in the Dark на Трир и 24 Hour Party People на Мајкл Винтерботом.
Милер никогаш не бил номиниран за Оскар, но на 37-то издание на фестивалот Браќа Манаки во 2016 ја доби Златната камера 300, која во му беше врачена истата година во Амстердам на големата ретроспектива на овој голем уметник, филмски Рембрант на 20 век.