И покрај широкиот опсег истражувања кои овозможуваат научен напредок во различни полиња, она што е заедничко за повеќето откритија е дека тие се направени од повеќе од еден автор и тоа независно еден од друг. Ова не е прв пат во историјата на науката - Чарлс Витстоун и Семјуел Морз го пронашле телеграфот истата година, во 1837. Елиша Греј и Александар Греам Бел поднеле барање за патентирање на телефонот на ист ден во 1876. И оваа година, во период од неколку месеци се појавија неколку генеративни апликации кои вклучуваат вештачка интелигенција. Немаше само еден досега невиден напредок во истражувањето на ракот, туку повеќе, итн.
Овие достигнувања се само почеток на нов синџир истражувања и откритија, за кои можеби ќе бидат потребни децении за да го остварат својот целосен потенцијал. Но, тоа е науката. Еве некои од најважните нешта што се случија на ова поле во годината што изминува:
Моќта да се победи смртта (до некаде)
Токму оваа година неколку прасиња (или барем нивните органи) кои беа мртви околу еден час беа повторно оживеани со тоа што им се вбризга експериментална супстанца во вените и артериите. Според истражувачите од Јеил кои раководат со проектот, технологијата „е многу далеку од можна употреба кај луѓе“. Засега научниците се надеваат дека нивното истражување би можело да им помогне на докторите да ги сочуваат органите на неодамна починатите за употреба при трансплантации. Дали е можно ова да доведе до ситуација некој починат од инфаркт или од мозочен удар да се врати меѓу живите со само една инекција?
Моќта да се синтетизира живот (до некаде)
Ова лето научниците одгледаа ембрион во лабораторија без употреба на сперма, јајце-клетка, или матка. Ембрионот е од глушец, но неговиот вид е од второстепено значење. Она што е важно е дека со користење само на тн. „стем“ клетки тим од Институтот за наука Вајзман од Израел успеал да создаде нешто кое на шестиот ден веќе имало опашка, на осмиот покажало срцева активност па дури и почетоци на мозок. Повторно, ова не е воопшто блиску до одгледување бебиња во лабораторија, но е чекор напред во создавање ситентички органи и истражување на врската помеѓу ембрионските мутации и болестите кои се резултат на промени во животната средина.
Нови вакцини за маларија и грип
Во следните децении историчарите веројатно ќе се навраќаат на 2020-тите како на златно време на напредокот во областа на вакцините. Во септември беше направена нова вакцина за маларија развиена од научници од Универзитетот Оксфорд. Проба која вклучувала 450 деца од Буркина Фасо покажала дека три дози од неа, плус бустер, биле ефикасни во превенирање инфекција во 80% од случаите. Маларијата убива 400.000 луѓе годишно, и е причинета не од вирус туку од eдноклеточен паразит плазмодиум, кој до сега одолеваше на големиот број обиди за развивање вакцина.
Во ноември, експриментална вакцина за грип покажа дека може да поттикне имунолошки одговори против сите типови од оваа болест кај животни.
Фотка од почетокот на времето
Во јули телескопот Џејмс Веб испрати први слики од древна светлина низ универзумот со до сега најголема јасност - сјајни маглини и неонски меури, како и ѕифт црн океан. Една фотографија успеа да фати црвена дамка светлина стара 13 милијарди години, што е најстарата снимка на универзумот во формирање. Овие снимки можат да доведат до нови откритија во космологијата, односно да обезбедат докажи за тоа што всушност се случувало пред и непосредно по Биг Бенг-от.
До сега најголем напредок во третирањето на ракот
Во истражување кое вклучувало 18 пациенти со рак на кои им била препишана нова имунотерапија, се покажало дека ракот исчезнал кај сите пациенти. Не дека се намалил. Исчезнал.
Неколку месеци подоцна, истражување со нови лекарства против рак на дојка довело до исти „чудесни“ резултати. Станува збор за третман со антитела кои ги таргетираат клетките на тумор со моќниот протеин HER2 и до сега познат предизвикувач на рак. Лекарствата го напаѓале мутантот со таква прецизност што животите на пациентите биле продолжени за повеќе од шест месеци. Ова може да стане нов стандард за грижа за пациентите болни од од оваа болест.
Легално месо од лабораторија
Некои од новините не се изуми или технологија, туку правила. Оваа година американските власти и’ дозволија на компанија од Калифорнија, Апсајд Фудс, да произведува кокошки од лабораборија. Ова е првиот култивиран месен производ кој некогаш ја поминал оваа административна граница. Сепак, до моментот кога некој би можел да нарача пилешки двојник од Апсајд Фудс треба да добие и дозвола од Министерството за земјоделие.
И последен пробив за 2022, ерупцијата на генеративната вештачка интелигенција за којашто пишувавме тука
извор