Книжевниот лавиринт го осмислиле бразилските уметници Маркос Сабоја и Гулатер Пупо, како проект во рамки на Лондонскиот фестивал 2012, кој се одвива паралелно со Олимписките игри. Книгите се наредени така за да ги следат линиите на отисокот на прст (стручно наречени папиларни линии) на Борхес, кој освен со соништа, библиотеки и огледала бил опседнат и со лавиринти.
Највисокиот ѕид на лавиринтот се вика аMAZEме, и е висок 2,5 метра. Старите и новите книги од кои е направена инсталацијата се позајмени од библиотеки, и ќе бидат вратени по 26. август, кога лавиринтот ќе биде расформиран.
Еве и видео од тоа како е правен.