„Монекролози: големи животи кои вреди повторно да бидат живеани“ (Mobituaries: Great Lives Worth Reliving) се состои од она што кодирано го најавува насловот - некролози, за луѓе кои заслужиле подобро испраќање од она што го добиле во времето кога умреле. Се викаат „мо-некролози“ поради името на нивниот автор, Мо Рока.
Помеѓу оние на кои им се оддава задоцнета почит има политичари, уметници. На пример Марлен Дитрих, е запомнета како божица на големиот екран, но во некролозите за неа ретко или никогаш не е спомнувана како голем патриот. Имено, во текот на Втората светска војна, таа си го ризикувала животот поддржувајќи ги американските трупи, за да им помогне да ги поразат нацистите, од нејзината родна Германија. Или претседателот на САД, Херберт Хувер, кој спасил десетици милиони од глад, но сето тоа било веднаш заборавено штом (по помалку од една година во Белата куќа) се случил крах на берзата.Додуша има и понеобични некролози кои се однесуваат на „мртви“ спортски тимови, држави, возови на парен погон и...змејови.
Интересот на авторот за овој новинарски жанр произлегол од татко му, кој сметал дека овој дел од весниците е најинтересниот. Како што објаснува во интервју за НПР, добриот некролог е како трејлер за филмувана биографија вредна за Оскар. Во нив има драма, романтика, падови и подеми, и цел спектар животни ситуации и чувства.
Едно од нештата што добива некролог во оваа книга е некогашната Прусија. „Тоа било војводство. Било империја. Било се што сакате да биде. Најважно, тоа е ентитетот кој ни го овозможил Пикелхауб-от, оној шлем со рогче“, објаснува хумористот.
Подкастот Мобитуарис од кој е произлезена книгата тука