- Научниците неодамна открија четири нови материјали кои можат да помогнат во недостатокот на никел за производство на автомобилски батерии. Но тоа не го постигнале сами, туку со помош на вештачка интелигенција, која одбрала корисни супстанци од список со повеќе од 300 опции.
- Креирањето хипотези долго време било резултат исклучиво на човечкиот ум. Но сега научниците почнуваат да го користат машинското учење за да дојдат до оригинални претпоставки, а врз основа на шеми детектирани во големо количество податоци - нешто за што во човечко време би биле потребни векови, и што би било подложно на стандардните човечки грешки, превиди и предрасуди.
- Процесот на креирање хипотези од страна на АI е сепак мистерија, а резултатите не можат да објаснат зошто машината сугерира одредено решение, материјал или дејство, туку ова може само да се претпостави врз основа на досегашните истражувања.
- Новото издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), што ќе се одржи од 4 до 9 ноември, се враќа по тригодишна пауза со богата програма и македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ.
- Во главната конкурентска програма под насловот „Дијалози“ се осум филмови - „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“, „Спирала“, „Изабел“, „Нема рај ако ти убие жена“, „Отфрлен“, „Чувство на дом“, „Мизерна мајка“ и „Тивки ноќи“. Во рамите на програмата ќе бидат прикажани и филмовите „Фјорд“ и „17“ и „Електричен бакнеж“, кои се надвор од конкуренцијата. Во програма насловена „А1 Кинотека“ со почеток од 13 часот ќе бидат прикажани филмови од богатата српска кинематографија.
- Затворањето на фестивалот и поголем дел од проекциите ќе се одвиваат во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар. Целосната програма тука, карти достапни на МКТикетс.
- Во среда, 4 ноември, со почеток од 19 часот, Концепт кафе Шума ќе биде домаќин на уникатна фотографска изложба насловена „Чајанка“, чија авторка е истакнатата млада визуелна уметница Емилија Сандиќ. Настанот се организира во рамките на активностите на Зрно фестивал, посветен на промоција и истражување на алтернативните фотографски процеси.
- Серијата фотографии е настаната во процес на истражување на ретката и фасцинантна техника mordançage — алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира – слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата.
- Со изборот на мотивот — растенија од кои се подготвува чај — во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја.