Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Ројтерс: Кој е Бенкси?

15 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели

Фото: EpaImages

  • Мистериозниот графити уметник, чиј идентитет се чува во тајност со децении, е тема на истражувачки текст на Ројтерс. Тој нè води од Хоренка, бомбардирано село во Украина, преку Лондон до Њујорк, земајќи предвид претходно необјавени американски судски досиеа и полициски извештаи, како и изјава на поранешна партнерка која била во врска со уметикот четири години пред тој да „транзитира“ во Бенкси. Истовремено, се гео-лоцираат објекти од мемоари и изјави на негови соработници.
  • Трагата на сите овие извори упатува на Робин Ганингам, роден во Бристол во 1973, кој некое време го користел името Дејвид Џонс. 
  • Најинтересен дел е анализата на економската позадина на работата на овој уметник. Централна улога во системот има организацијата Pest Control, основана во 2008 година, која практично го регулира пазарот - ги автентицира неговите дела и одлучува кој ќе биде првиот кој ќе има шанса да ги купи оние најновите. Зад мистериозната јавна слика на уличен бунтовник oттаму постои добро организиран и профитабилен уметнички бизнис, кој сепак останува нетранспарентен и силно контролиран. 
  • Во исто време, анонимноста на Бенкси и неговата критика на капитализмот создаваат парадокс: уметност која го критикува пазарот e дел од глобален и многу профитабилен уметнички пазар. 
извор

Крај на една ера: почина германскиот филозоф Јирген Хабермас

14 март 2026
  • Share
  • Post

фото: EpaImages

  • Jирген Хабермас, германскиот филозоф и социјален теоретичар поврзуван со тн. Франкфуртска школа, почина на 14 март 2026 година на 96-годишна возраст во Штарнберг, близу Минхен. Тој се смета за еден од највлијателните филозофи на доцниот 20 и почетокот на 21 век, чие дело ги поврзува филозофијата, социологијата и политичката теорија. 
  • Најпознат е по својата теорија за комуникацијата и рационалноста во модерното општество, особено по двотомното дело „Теорија на комуникативното дејство“. Роден со расцеп на непцето, како дете поминал низ повеќе операции. Ова искуство подоцна влијаело врз неговите размислувања за јазикот и комуникацијата. Хабермас често нагласувал дека говорниот јазик создава заедничка основа без која луѓето не можат да постојат како општествени суштества, но и дека пишаниот јазик може да ги прикрие слабостите на говорот.
  • Во текот на својот долг и плоден авторски живот активно се вклучуваше во јавни политички дебати во Германија и Европа ставајќи се на страната на демократијата, заштитувајќи ги мигрантите а спротивставувајќи се на радикалната десница. Со тоа тој стана еден од најзначајните интелектуални гласови во германскиот јавен живот. За многумина неговото заминување означува крај на една ера.
извор

Водич низ книжевните клубови во Скопје

3 март 2026
  • Share
  • Post
  • На блогот Кирилична поддршка (КП) направен е одличен пресек на постоечки и активни книжевни клубови во Скопје. 
  • Клубот на читатели на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ исчитува современи македонски дела, комбинирано со неформална средба со авторите. Модератори се библиотекари. Кампањата постои од септември 2022 и до сега се направени 28 разговори.
  • Средбите на книжевниот клуб „Илика“ се одржуваат еднаш до два пати месечно, а пријавувањето се одвива преку испраќање на порака на мејл-адресата на книжарницата. Наредната средба е за закажана за 11 март и е посветена на графичкиот роман „Адна“ од Самира Кентриќ.
  • Читачкиот клуб на онлајн феминистичката платформа „Медуза“ е единствениот клуб фокусиран на есеи. На средбите се читаат феминистички/квир есеи од авторки како Урсула К. Ле Гвин и Одри Лорд, преведени на македонски.
  • „БукНук“ е најбројниот и најактивен клуб на читатели моментално кај нас. Основан во 2024 од Елена Василевска, а поттикнат од нејзината желба да најде друштво за читање, денес клубот брои над 500 членови кои се дружат на нивните канали. Активностите на клубот вклучуваат месечни селекции на книги, книжевни предизвици и креативни работилници.
  • „Пат кон Истокот“ постои од лани и е започнат на иницијатива на Пагода и Македонско-јапонското друштво за пријателство и соработка. Книжевниот дел од клубот е посветен на автори од Источна Азија - читање, анализа и разговор за дела преведени на македонски, англиски или други јазици, a се состанува секои 3 месеци.

Како да ги следите и да се придружите на линкот.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Кој командува со морето, командува со светот

Свет
2

Истуриле 65.000 литри хемикалии во океан за да го намалат глобалното затоплување

Занимливости
3

ИнтерЊет ги врати пејџерите во Москва

Свет
4

Шишај брату, тепавме 5 по ред

Навивачи
5

Половина од младите муслимани во Германија му се наклонети на исламизмот

Свет
6

Колумбиец ќе игра за македонската репрезентација против Данска?

7

Српски коментаторски таленти

Балканштина
8

Подемот и падот на „хак ту“ девојката

Мешано
1

Оскари 2026: 17 интересни факти

Bookbox
2

Што се тоа „трети места“ и зошто се важни?

Bookbox
3

Крај на една ера: почина германскиот филозоф Јирген Хабермас

4

Спрингстин, Вејтс, Џони Деп: големи имиња на албум во чест на Шејн Мекгоуан

Bookbox
5

Ројтерс: Кој е Бенкси?

6

„Руски куклички“ на животот: старата теорија дека сите идни луѓе веќе постојат

Bookbox
7

Во медиумите во САД има помалку од десет професионални книжевни критичари

Bookbox
8

Како географски да мапираш мит?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Најдобриот аргумент да не пиете кога возите

Македонштина

Клучни зборови: свечено и удобно

Балканштина

Српски коментаторски таленти

Балканштина

Имате ли чоколатни со вишљи?

Разно

Полски планинари ја откриваат Македонија

Балканштина

Васо нашол заслужен мир

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За покојникот сè подоцна

Ова допрва ќе се пее

Со искри да не фрлате

Што ќе правевме ние без овие вистиномерци?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy