Почина струшкиот венценосец, Ханс Магнус Енцесбергер
26 ноември 2022
- На 93 години почина еден од најзначајните германски интелектуалци, кој заедно со Гинтер Грас и Мартин Валсер го сочинуваше моќното трио на германската поствоена литература.
- Бил член од тн. „Група 47“, формирана 1947 година, чии членови ја обновиле германската литература по крајот на Втората светска војна. Во 1965 го основал културното списание „Курсбух“, која станало центар околу кој се организирале револуционерните студенти од 1968. Енцесбергер учествувал во политичките дебати со силен глас кој го формирал јавното мислење, а политички коментари ќе продолжи да пишува до крајот на животот.
- Иако е автор на романи и книги за деца, сепак е најпознат како поет, а за своето творештво беше награден на Струшките вечери на поезијата во 1980.