- На 89-годишна возраст замина ѕвездата на меѓународниот „бум“ на латино-американскаа литература, добитник на Нобелова од 2010 и некогашен кандидат за претседател на Перу.
- Првиот роман, „Времето на херојот“ му беше објавен во 1963, во Шпанија. Приказната за убиство на воената академија Леонсио Прадо, каде Љоса поминал две години како тинејџер, и последователното заташкување на злосторството, било толку шокантно во Перу што се вели дека 1000 примероци биле запалени во дворот на академијата.
- Љоса беше во центарот на подемот на латино-американската литература, заедно со Хулио Кортасар, Карлос Фуентес и Габриел Гарсија Маркес. Во 1971 тој му посветува студија на Маркес, но нивното пријателство не траело долго. Кога Маркес го поздравил Љоса пред кино во Мексико Сити во 1976 добил тупаница во лице. Причините за непријателството никогаш не биле објаснети.
- Бил активно вклучен во политиката, како млад на страната на марксизмот, но подоцна заклучил дека социјализмот е некомпатибилен со она што тој сметал дека се генерални слободи. Од тогаш бил противник и на левичарските и на десничарските авторитарни режими. Во 1990 бил кандидат за претседател на Френте Демократико (трипартитна коалиција центар-десно).
- Бројни негови дела се преведени на македонски, како „Разговори во катедралата“, „Кој го уби Паломино Молеро?“, „Во слава на маќеата“ и „Риба на суво“.
(фото: Epa Images)
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.