На 96 годишна возраст во Њујорк почина музичарот со неколкудецениска кариера во која сними повеќе од 70 албуми, продаваше милиони плочи и освои 20 Греми награди, вклучително и за животно дело. Го нарекуваа последниот од големите „салонски“ пејачи од средината на 20 век. Причината за смртта не е соопштена, но познато е дека во последниве неколку години страдаше од Алцхајмер.
Му се восхитуваа бројни колеги, помеѓу кои Френк Синатра, кој за него во 1965 изјавил: „Тони Бенет е најдобриот пејач во бизнисот. Ме трогнува. Тој е изведувач кој го пренесува она што композиторот го имал на ум, а веројатно и нешто повеќе од тоа“.
Не само што го преживеа подемот на рок музиката, туку соработуваше со музичари кои можеа да му бидат внуци. На возраст од 88 години Бенет го сруши сопствениот рекорд како најстар жив изведувач со албум број 1 на Билборд листата со „Образ до образ“, неговите дуети со Лејди Гага. Соработуваше и со Ејми Вајнхаус на „Тело и душа“; нејзината последна студиска снимка.
Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.