Недела на јапонски филм во Скопје и Битола
1 ноември 2026
- Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката во Скопје ќе се одржи Недела на јапонски филм, со шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија. Програмата опфаќа семејни драми, трилер, приказна за младоста, анимација и историска драма, а на 11 ноември ќе продолжи во Центарот за култура во Битола. Сите проекции се бесплатни.
- Програмата ќе биде отворена на 4 ноември (среда) во 20 часот во Кинотека со „Чекор“, во режија на Кен Иизука — трогателна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Филмот ги следи нивните заеднички години, исполнети со предизвици, блискост и постепено соочување со загубата.
Подетална програма на линкот.