- Романот „Крајот на сè“ од британскиот писател М. Џон Харисон е добитник на Букероватата награда за 2026 година. Прогласувањето се случи вечерва, 9 ноември, на свеченост во Лондон.
- Романот е постапокалиптична приказна за Филип Тенент, човек кој собира предмети што морето ги исфрла на брегот на Кент. Еден ден пронаоѓа необично суштество кое постојано ја менува формата. Бидејќи не може да го задржи, тргнува да го однесе во внатрешноста на земјата, а патувањето постепено ги доведува во прашање неговите претстави за светот и за границите на човечкото разбирање. Книгата е опишана како вознемирувачка, суптилно сатирична постапокалиптична авантура.
- Во финалето, покрај Харисон, беа и „The Disappearers“ од Марлон Џејмс, „Black Bag“ од Лук Кенард, „May We Feed the King“ од Ребека Пери, „The Things We Never Say“ од Елизабет Страут и „John of John“ од Даглас Стјуарт.
- На доделувањето, кое беше пренесувано во живо и личеше на Оскарите, водителката направи лапсус и му ја честиташе Нобеловата на Харисон.
- Новото издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), што ќе се одржи од 4 до 9 ноември, се враќа по тригодишна пауза со богата програма и македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ.
- Во главната конкурентска програма под насловот „Дијалози“ се осум филмови - „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“, „Спирала“, „Изабел“, „Нема рај ако ти убие жена“, „Отфрлен“, „Чувство на дом“, „Мизерна мајка“ и „Тивки ноќи“. Во рамите на програмата ќе бидат прикажани и филмовите „Фјорд“ и „17“ и „Електричен бакнеж“, кои се надвор од конкуренцијата. Во програма насловена „А1 Кинотека“ со почеток од 13 часот ќе бидат прикажани филмови од богатата српска кинематографија.
- Затворањето на фестивалот и поголем дел од проекциите ќе се одвиваат во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар. Целосната програма тука, карти достапни на МКТикетс.
- Во среда, 4 ноември, со почеток од 19 часот, Концепт кафе Шума ќе биде домаќин на уникатна фотографска изложба насловена „Чајанка“, чија авторка е истакнатата млада визуелна уметница Емилија Сандиќ. Настанот се организира во рамките на активностите на Зрно фестивал, посветен на промоција и истражување на алтернативните фотографски процеси.
- Серијата фотографии е настаната во процес на истражување на ретката и фасцинантна техника mordançage — алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира – слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата.
- Со изборот на мотивот — растенија од кои се подготвува чај — во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја.