Израелската, а не иранската нуклеарна програма е закана за светскиот мир, а Германија мора да престане да ѝ испорачува нуклеарни подморници и друго оружје на оваа земја - вели Грас во песната „Она што морам да го кажам“ објавена деновиве во Зидојче Цајтунг. „Неговите изјави се игнорантски и срамни и секој чесен човек на овој свет мора да ги осуди", изјавил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој особено се спротивставил на споредбата помеѓу Израел и Иран: „Споредбата повеќе говорои за господин Грас отколку за Израел. Иран, а не Израел се заканува да уништи други земји. Иран, а не Израел ги подржува терористичките организации кои напаѓаат невини цивили. Иран, а не Израел каменува жени, беси хомосексуалци и немилосрдно врши притисок на повеќе од десет милиони граѓани во својата земја", рекол Нетанјаху.
Што се однесува до нас, контроверзниов текст баш и не морал да биде во стихови. Како и да е, еве го преводот:
ОНА ШТО МОРАМ ДА ГО КАЖАМ
Зошто молчев до сега?
Зошто мислев дека моето потекло
извалкано засекогаш
значи дека не можам да очекувам Израел,
земјата за кој сум врзан
и секогаш ќе бидам,
ќе го прифати ова
отворено искажување на вистината.
Зошто дури сега,
кога остарев,
со ова преостанато мастило, пишувам:
израелската нуклеарна сила претставува опасност
за веќе кршливиот светски мир?
Затоа што за она што морам да го кажам
утре може да биде предоцна
и затоа што
оптеретени затоа што сме Германци
можеби им набавуваме материјал за злосторство
кое е предвидливо,
така што нашето соучесништво
нема да биде избришано
со ниедно од нашите вообичаени оправдувања.
Го прекинав молкот затоа што сум сит
од хипокризијата на Западот,
и се надевам дека многумина би можеле
да се ослободат од својот молк
би можеле да побараат
оние кои се одговорни за отворената опасност
со која сме соочени
да се одрекнат од примената на сила
би можеле да побараат иранската и израелската влада
да овозможат на меѓународната заедница
слободни и отворени
инспекции на нивниот
нуклеарен потенцијал.