Добитникот на Нобеловата за литература, германскиот писател Гинтер Грас, не престанува да бранува во политичките води. Откако по шест децении го обелодени своето учество во единиците на СС трупите, што беше повод за иницијативи големата награда да му се одземе, сега низ стихови го критикува Израел, но и актуелната германска политика кон оваа земја.