Дислексија е нарушување на моќта на учење - мозокот не ги прима и процесира информациите на вообичаениот начин, што може, меѓу другото, да влијае врз способноста за точно и брзо читање. Фонтот развиен од Гонзалес е дизајниран така да има „финта" која ги надминува вообичаените пречки на кои наидуваат дислексичарите.
Разликата меѓу овој и другите фонтови, имено, е што буквите имаат позацрнети долни делови, што им дава некаква „гравитација", па мозокот не дозволува тие да се ротираат и да изгледаат како други букви, објаснува сајтот Open-Dyslexic, каде може да се симне фонтот.
Истиот сега може да се најде и во ворд процесори, е-ридери, а се инсталира и на училишни компјутери. Ова не е прв фонт од овој тип - во 2010. фонт развиен од холандскиот дизајнер Кристијан Боер, како негова магистерска на Универзитетот Твенте, покажал дека помага во точноста на прочитаното, но не и во брзината на читање кај дислексичари.
Меѓу познатите имиња кои наводно биле дислексичари се наведуваат еден куп музичари, актери и научници, меѓу кои Леонардо Да Винчи, Ајнштајн, Џеј Лено, Шер, Вупи Голдберг...Не знам дали се кандидира како дислексија, ама „ај на кафе" ние често го читаме како „десетка со кромид и три пива".