Кушкој има една улица со пекар, месар и неколку кафани. Струја и телефон им вовеле 1986, а дотогаш било тешко да се комуницира, и во селото, заради распрснатите куќи, и со соседните населби. Заради тоа со генерации селаните користат јазик кој го викаат „куш дили", или врапчешки јазик - посебна форма на свиркачка комуникација.
Иако повеќето селани веруваат дека „јазикот" е стар 400 години, никој не знае за сигурно. Но она што се знае е дека се работи за свиркан дијалект на турскиот, во кој секој слог се претвора во еден од 20 различни звуци. Типични теми се покани за чај или помош при работа, известувања за погреби, раѓања или венчавки.
Со воведувањето на мобилната телефонија јазикот почнува да излегува од употреба. Сепак, фестивалот кој го промовира и понатаму се одржува, наградувајќи ги најдобрите свиркачи, чија задача е пред одбрано жири да пренесат некаква порака од еден на друг рид. Оваа година, на 8 јули, на фестивалот биле присутни над 2,000 луѓе. На ова се гледа како на потенцијална туристичка атракција, па кметот на селото понудил на Турк Телеком (поранешната државна телекомуникациска компанија), да обезбеди спонзорство за фестивалот. На птиците и на луѓето од Кушкој им посакуваме уште многу свиркања.