„Чувствоматот“ во моментов е инсталиран во Вангареј, како дел од неколкугодишен уметнички проект под наслов „Мудбенк“ (Банка на расположение). Тој има екран на допир кој им овозможува на минувачите да изберат од повеќе од 1000 опции, и да ги комбинираат за да го опишат своето моментално расположение.
„Депозитите“ потоа се архивираат и се објавуваат на страницата на проектот, како слика на актуелната емоционална состојба на градот. Во моментов кога го пишуваме ова на сајтот доминираат оние кои се чувствуват „сакано“, а веднаш по нив се оние кои се чувствуваат „ЛОЛ-ски“ (ептен насмеано).
Во Нов Зеланд има локални избори во октомври, па на шала-на смеа организаторите велат дека ова е начин и да се опипа пулсот на гласачкото тело. Да се инсталира ваква машина денес некаде по скопските улици тешко можеме да замислиме дека некој би ја одбрал опцијата „спокоен“ или „супер расположен“.