Bookbox

Кога Курт Вонегат постариот поместил цела зграда (сосе луѓе внатре)

Денес, кога на некоја компанија и треба повеќе простор таа се сели во поголема зграда, ја проширува постоечката или ја руши и гради нова и поголема. Но до сега не сме слушнале некој просто да ја помести онаа во која работат луѓето за да направи место за доградба.

Сериозни првоаприлски вести за кои сите мислеле дека се априлилили

До пред нешто повеќе од една година вест за глобален смртоносен вирус би се сметала за лош виц. Но низ историјата на овој датум имало такви медиумски објави кои биле толку неверојатни што често биле толкувани како местенки. А всушност биле вистински.

Дали правата за книги треба да бидат бесплатни?

Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење. 

„Игра на тронови“ станува претстава

Премиерата ќе се случи во 2023, а претставата ќе се однесува на значаен собир кој се случува една деценија пред настаните опишани во романот на Мартин и хит ТВ серијата.

Зоолошки водич низ галаксијата

Нова книга истражува што би можеле да ни кажат својствата и изгледот на животните на нашата планета за оние кои живеат (ако живеат) во други делови од вселената.

Опсесивните собирачи на автограми од 19 век

Немало лек за оние опседнати со собирање автограми од познати личности во текот на 1880-тите. За да се добијат скапоцените потписи, или какви и да е пишувани белешки, не се бирало средства.

Фотографот кој осум години пешачи низ светот по патот на човечката миграција

Двократниот добитник на Пулицер, Пол Салопек, го документира светот на неговиот глобален повеќегодишен пат наречен „Излегување од рајот“ (Out of Eden Walk).

Другарка мадам: приказната за сопругата на советскиот амбасадор во САД

Ајви Тереза Лоу Литвиноф (или Ајви Валтернова Литвинова) била англиско-руска писателка и преведувачка, сопруга на советскиот дипломат и министер за надворешни работи Максим Литвинов. Но и неофицијална дипломатска „хостеса“, на англофоните во СССР и на русите во САД.

„Татко“: како е постигнато чувството на дезориентација во филмот?

Новиот филм со Ентони Хопкинс е трогателен и моќен, а за тоа придонесуваат најмалку два елемента: неговата одлична глума, но и нешто што се вика „продукциски дизајн“ а на кое ретко обрнуваме внимание.

Госпоѓа Еџ: приказната за радикалната спасителка на птици

Нејзината појава е опишана како мешавина на кралицата Мери и ловечки пес - упорна, опседната со заштитата на птици и на сиот жив свет, таа успеала да ги помрдне нештата во конзервациските кругови. Денес нејзиното име сепак не е толку познато.

Историја на едно овошје со вулгарно име

Ние ја викаме „мушмула“, а таа е необична затоа што спаѓа во оние овошки кои треба да скапат за да бидат зрели. Сепак, најнеобичното е поврзано со нејзиното старо име на повеќе јазици.

И шимпанзата се ставија на видео повици за да не бидат осамени

Вработените во сафари паркот „Двор Кралове“ и во зоолошката во Брно организираат дневни онлајн средби за нивните шимпанза, за да им го олеснат карантинот и да го надоместат недостатокот од посетители. 

Што и колку читал Ван Гог?

Нова биографска книга за славниот сликар се фокусира на една негова опсесија - читањето - која само навидум нема врска со неговиот уметнички опус.

Дали ракувањето ќе ја преживее пандемијата?

Нова книга ја истражува историјата на еден гест, кој пандемијата привремено го „замрзна“ но можеби и засекогаш ќе го промени.

Koлку ви тежи душата?

Можеби сте го гледале филмот „21 грам“ со Шон Пен, Наоми Вотс и Бенисио дел Торо. Насловот потекнува од верувањето дека толку тежи човечката душа, кога ќе го напушти човечкото тело по смртта. Но не станува збор за фолклор, туку научна студија објавена на почетокот на 20 век.

Предноста на „амбивертите“

Во црно-белата поделба на интроверти и екстроверти, има зона во која овие два типа се прелеваат во нешто трето - личност која „камелеонски“ се прилагодува на дадените ситуации.

Самоубиството како грев во средовековна Европа

Пандемиската изолација, страв и несигурност причинуваат пораст на самоубиствата во светот. Денес размислуваме за него како за психолошки проблем, но тој е истовремено бил, и сè уште е и религиски.

Дали модерните духовни практики поттикнуваат (а не спречуваат) нарцисоидност?

Јога, медитација, разни техники за „работа на себе“ - сето тоа би требало да го смири егото и да претставува антидот на самобендисаност и фокусираност на сопственото „јас“. Ама ако е така, зошто има толку многу Инстаграм селфиња на луѓе во јога пози?

Мирисни ја уметноста: една малку поинаква изложба на слики

На изложба на 17-вековно европско сликарство во Холандија ќе бидат поставени и „ароматизери“ кои ќе ја доловат мирисната атмосфера на тоа време. Мирисни кутии можат да се купат и за дома, за следење на изложбата онлајн.

Зулу кралот не се погребува, туку - се сади

72-годишниот крал на народот Зулу во Јужна Африка беше погребан оваа недела, во приватна церемонија обвиена во тајност. Но веста не се однесува на ваквиот „селебрити“ протокол туку на еден детал, кој кажува многу и за тој народ и за начинот на кој се сфаќа авторитетот на владетелот.

„Пропаганда-кондом“: водич за дезинформациски сленг

Методите на ширење дезинформации не се нови, но како што тие се развиваат, и како што стануваат пософистицирани, така станува поширок и опсегот на термини за означување и на оние кои вршат манипулација, и на нивните тактики.

Жената чии вешти раце помогнале да полетаат првите авиони

Во 1910, браќата Орвил и Вилбур Рајт вработиле шивачка од Охајо, која дури сега го добива заслуженото признание, како прва жена - работничка во американската авиоиндустрија.

Како се губи еден јазик?

Станува збор за црцор на птици. Но тоа за нив е еден цел јазик, па оттаму секоја паралела со човечки јазици кои изумираат затоа што на нив едноставно не се (или сè помалку се) зборува, не се ни малку случајни.

Добитниците на Прицкеровата награда за 2021: „Никогаш не руши“

Највисокото светско признание за архитектура некогаш се доделуваше за екстравагантни и револуционерни креации. Оваа година отиде кај француско дуо чие мото е - понекогаш е најдобро да не правиш ништо.