Bookbox

Eпидемија, карантин, политички немири: заборавениот роман на полски автор од 1930-тите

Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.

Цијанометар - алатката измислена во 18 век за мерење на синилото на небото

Не бил нешто посебно корисен, ниту пак се одржал долго време во историјата на науката. Сепак, има нешто поетско во тоа да се искачиш на Мон Блан за по пат да ги бележиш сите нијанси небесно сина, и на тој начин да го измислиш цијанометарот.

Најдобри книги за наука 2020

Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020

Непознатиот музичар чии композиции секојдневно ги слушаат милиони Јапонци

Се вика Минору Мукаија, и е композитор на „хаша мероди“ или „мелодии за заминување на возови“ - кратки џинглови кои го означуваат расчистувањето на платформите и затворањето на вратите на некои од најпрометните станици во Јапонија.

Бизарните средовековни судења за импотенција

Меѓу ретките средства кои им стоеле на располагање на жените од „мрачниот“ среден век за развод било да докажат дека нивните сопрузи не се во состојба да ги извршуваат брачните должности. За оваа цел пред црковниот суд биле повикувани сведоци, но и „тестери“ на гениталиите на сиротиот обвинет. 

Осуден за соучесништво во атентат поради Хипократовата заклетва

Доктор Семјуел Мaд (Samuel Mudd) поради лекарска етика е осуден за соучесништво во атентатот на Линколн. Но на истиот начин се изборил за слобода неколку години подоцна.

Претстава која ја играте сами со инструкции кои ви ги носат до дома

Вие сте единствениот изведувач, истовремено и публика, во оваа драма чија содржина е различна за секој актер-гледач.

Јутјуб проектот „Унус анус“ кој живееше 365 дена

Денес, 14.11., се одржува „помен“ на јутјуб канал кој постоеше точно една година. Рокот на траење му се знаеше уште кога се отвори, а е содржан и во неговото име.

Опуштете се: следните 10 години ќе биде полошо

Терминот „клиодинамика“ означува истражување на историјата преку комбинација на дисциплини: културна еволуција, економска историја, макросоциологија и математичко моделирање. „Клиодинамичарите“ најавуваа дека во 2020 ќе биде лошо, ама сега предупредуваат - ќе биде и полошо.

Франц Брентано: помалку познатиот учител на Фројд и Хусерл

Во речиси секоја дисциплина постои нешто наречено „закон на династии“ - главните фаци во некоја област самите биле ученици или инспирирани од претходна јака фаца. Но понекогаш претходниците или не се познати, или се во сенка на своите наследници.

Kaко Нетфликс ги смислува имињата на своите категории?

Доколку сте претплатени на Нетфликс по некое време алгоритамот ви го фаќа вкусот и почнува да ви препорачува филмови слични на оние кои веќе сте ги гледале. Во нашиот случај се појавуваат категории од типот „церебрални“, „мрачни скандинавски“ и „бавногоречки“. Живописноста на описиве се истовремено интересни и непотребни.

Што значи да те 86-нат во англискиот?

Ние едно време кога сакавме некого да откачиме викавме „ај двојче“. Американците користат малку поголема бројка која се појавува од време на време во песни, филмови и во политичкиот жаргон.

Коцка, алкохол и шах: животот на авторот на „Дамски гамбит“

Волтер Тевис, по чија книга е снимена истоимената серија на Нетфликс, се коцкал и пиел, пред да се сврти кон шахот. Со оглед на неговата животна приказна, чудо е што книгата воопшто излегла.

Жената која ги правела најдобрите клавири во Виена

Нанет Страјхер за жал има маргинално место во историјата на музиката. А била една од најдобрите производители на пијана не само во Виена, туку во Европа. Плус долго време го водела хаотичното домаќинство на Бетовен.

Лажна продавница во која и месото и зеленчукот е направен од пластични ќеси

Станува збор за уметнички проект под наслов The Plastic Bag Store, кој неодамна се отвори во форма на продавница на Тајмс сквер во Њујорк.

Актуелен случај во Србија: како се одредува плагијат на превод?

Стручна комисија на Универзитетот во Белград, по пријава на студент, утврдува дека професорка од Економскиот факултет во свој превод на учебник презела 150 страници од претходно издание на истата, потпишани од покоен постар колега. Но начинот на кој е извлечен овој заклучок е прилично спорен и остава простор за различни толкувања.

Светислав Басара: „Стварноста е обврзна, но не е стварна“

Во интервју за белградско „Време“, Басара зборува за својот нов роман „Контраендорфин“, за хормонот на несреќа кај балканските народи и зошто пишувањето е „кулук“.

Американската актерка - пионер на модерниот танц и театарското осветлување

Во Америка не ја ценеле, па на самиот крај на 19 век дошла во Париз каде се дружела со Тулуз-Лотрек и Марија Кири. Се смета за основоположник на модерниот танц, но на нејзино име се водат и повеќе патенти поврзани со театарското осветлување. 

Ирвин Велш: „Штом заврши пандемијата ќе има бунт против интернет“

Авторот на култната „Трејнспотинг“ по која е снимен и истоимениот филм на Дени Бојл (во два дела), беше гостин на Фестивалот на краток расказ во Ријека. По тој повод даде интервју од кое пренесуваме делови.

Пелтечење, семејни трагедии, мисли за самоубиство: животната приказна на Џо Бајден

За да го надмине пелтечењето кое го мачело цело детство ги рецитирал Јеитс и Емерсон пред огледало. А во двата мемоара кои ги има напишано до сега отворено зборува за трагедиите кои го имаат снајдено. Ако ништо друго, за ваков човек е сигурно дека знае да застане на нозе кога животот го кутнува.

На кој јазик би почнале да зборуваат деца растени во целосна изолација?

Хебрејски, старогрчки, египетски, санскритски. Ова биле јазиците за кои древните мислители тврделе дека би почнале да ги зборуваат деца растени само со други деца.

Кога републиканците биле сини, а демократи црвени

Не, не е метафора. Ерата на изборните мапи за претседателски избори во САД, кодирани во различни бои, започнала во 1976. Ама тогаш боите биле обратни од оние денес. 

Брачниот пар од Холандија кој нема кому да му ја донира својата збирка македонска музика

Петер Ендејдајк и неговата сопруга Анемиек ден Уијл ја купиле првата плоча со македонска народна музика пред 58 години. Македонија ја нарекуваат свој втор дом. Но се прашуваат што ќе се случи кога нив веќе ќе ги нема - кој ќе се грижи за нивната голема аудио колекција.