Bookbox

Најголемиот вакцинатор на светот за кого никогаш не сте слушнале

Обожавал кокошки, немал влакна на јазикот и комплетно ја променил историјата на здравството. Неговата приказна треба да послужи како инспирација за моменталниот глобален напор за создавање ефикасна и достапна вакцина за ковид-19.

Радијаторот бил измислен како оружје против пандемија?

На преминот од 19 кон 20 век вентилацијата на живеалиштата, како превенција од заразни болести, ги инспирирало инженерите да дизајнираат топлински системи на пареа, кои и денес се користат.

Наградата за најлош книжевен секс нема да се додели оваа година

Признанието кое традиционално се доделува за „неубедливи, изнасилени, засрамувачки или излишни пасуси од сексуална природа во инаку добри романи“ ќе продолжи да се доделува во 2021 година.

Италијански книжар на точак: „Побрз сум од Амазон“

Лука Сантини пред пандемијата морал да ја затвори својата книжарница. Но одлучил да се бори до крај - импровизирал електричен велосипед со приколка и почнал да продава книги на улица.

536-тата била најлошата година на сите времиња

Ич да не се занесуваме дека 2020 е лоша година, погледнато низ немилосрдната, макроскопска перспектива на досегашната историја. Дури ни 1349, кога бубонската чума збришала пола Европа не е најлоша.

Сараевскиот готвач кој ги предводи карантинските протести во Португалија

Откако избегал од со војната зафатената Босна, Љубомир Станишиќ имал повеќе станици низ Европа. На крај се скрасил во Португалија, каде почнал да добива награди за своето готвење. На неговото мени секогаш има бурек и кравја глава. 

Зошто судиме за луѓето врз основа на нивните роднини?

„Му ја знам фамилијата“ е честа фраза при искажувањето мислење за некого, посебно во наши услови кога нечие потекло и не е така тешко да се одреди. Но судењето за некого според неговото потекло, иако често се третира како негативен стереотип, можеби има оправдување.

Оригиналниот „Тајгер Кинг“ - ѕидарот кој стана директор на зоолошка

Се викал Сајрус „Сај“ Де Врај, имал импресивни мустаќи и џебен часовник на кој имало закачено заб од тигар. Кога се вработил во зоолошката во Чикаго, таа била руина. Но благодарејќи на неговите залагања, таа станала институција налик на современите зоолошки. Тоа што бил ексцентрик само помогнало во нејзината популарност.

„Го давам и лозјето!“ - кога Грците полуделе по италијанска опера

Во современиот грчки јазик постои израз за кого мислевме дека е од некаква народна приказна, со оглед на тоа што се спомнува лозје. Но неговото потекло е многу поинтересно.

Кога Елвис Присли се вакцинираше на американската телевизија

Поранешните американски претседатели, Обама, Буш и Клинтон, ветија дека ќе се вакцинираат од Ковид-19 во живо, на телевизија. Кај нас музичари промовираат носење маски. Не е прв пат во историјата јавни личности да поддржуваат здравствени кампањи. Но ова не е гаранција за нивниот успех.

Кога горе е долу: зошто голем број гејмери ги менуваат контролните опции?

Каприц, навика, генерациска особина или нешто што може да се објасни со невронаука? Oпцијата за менување на „нагоре“ со „надолу“ и обратно во видео игри кажува нешто за начинот на кој некои луѓе се позиционираат во просторот.

Прва графичка новела создадена од бездомници

Лондонската хуманитарна организација „Акјумулејт“ објави „искрена и болна“ илустрирана книга, во која 18 луѓе го споделуваат своето искуство со бездомништвото.

„Кучето што моча крај патот“ прогласен за најчуден наслов на книга за 2020

Признанието чие доделување го одбележуваме со години се вика Дијаграм, и претставува хумористичен поглед кон годишната продукција книжевни наслови. Оваа година победникот е од областа на антропологијата.

Oд кондуктер до „Квискотека“: животната приказна на Лазо Голужа

На 85 години почина еден од најугледните хрватски новинари, сепак најпознат како автор на квизот „Квискотека“, кoj прв пат беше емитуван дамнешната 1979, а продолжи да се прикажува цели 15 години.

Гладот и осаменоста активираат ист дел од мозокот

Пандемијата прави светот да се чувствува поосамено од кога и да е. Инстинктот за одбегнување осама е длабоко вграден во нашите мозоци, а нова студија сугерира дека нашиот копнеж за социјална интеракција поттикнува слична невролошка реакција како и онаа на гладен човек.

Франција ќе гласа за закон против дискриминација по основ на дијалект

„Дозволени“ и пожелни се за лингвистички проучувања, за хумор и сатира. Но како што и кај нас „зачислува“ тешко би можело да се пробие како замена за „инклузивност“, и во француските интелектуални кругови не сакаат такви кои не зборуваат литерàтурно.

Ta не се само Чарлс и Дајана: бизарните бракови на кралските семејства

Оние што ја гледаат најновата сезона на „Круната“ детално ги следат маките на кралската романса, медиумски најпокриената во историјата. Но нејзините премрежја не се ништо во споредба со други, помалку познати аристократски бракови.

Што е тоа „јутјуб-кор“ музика?

Рок, панк рок, пост-панк, чилвејв, електроакустика. Сите овие се жанрови и поджанрови на музика дефинирани според нејзиниот вид. Но што ако класификацијата зависи само од начинот на кој случајно сме дошле до неа?

Mузеј почна да собира пандемиски соништа

Една од последиците на психолошки тешкиот период кој го живееме е тоа што нашите соништа станаа поживописни и повознемирувачки. Сега еден лондонски музеј повикува волонтери да му ги раскажат.

Тешко преводливиот грузиски збор што значи „пукнав од јадење“

„Супра“ е традиционална грузиска прослава, секако проследена со јадење, од епски пропорции. Не е ни чудо што притоа луѓето често искусуваат нешто што е тешко да се објасни со зборови, а уште потешко да се преведе.

Колку близу е преблизу? - просторот меѓу нас и светот

Невронауката на тн. „периперсонален простор“ истражува како ја креираме, браниме или ја релаксираме бафер зоната помеѓу нас и другите.

Која е најголемата научна измама во последниве 50 години?

Прашањето го поставува сајтот Гизмодо на неколкумина историчари на науката - кои се оние (намерни) извитоперувања на научните факти кои довеле до најголеми последици во последниов половина век, и што е воопшто тоа „измама“ во оваа смисла.

Прв пат нема да има збор, туку куп зборови на годината

Оваа година нè остави без зборови - велат од Oксфордскиот речник на англискиот јазик, од каде (иронично) предлагаат цел список зборови кои би ни помогнале да го искажеме чувството на неискажливост од годината што изминува.

Кога морнарите морале да учат тригонометрија

Од 16 век европските морепловци веќе не можеле да се потпираат на својата меморија на крајбрежните знаци. Отвореното море си барало знаење на астрономија и математика. Дури и неписмените морнари морале да го загреат столчето.