Bookbox

Зошто ја сакаме музиката што ја сакаме?

Нова книга на продуцентката и експерт за музичка когниција, Сузан Роџерс, носи наслов „Вака звучи“ (This Is What It Sounds Like). Во неа таа анализира неколку клучни елементи кои ни го привлекуваат вниманието кога слушаме нова песна (ритам, мелодија, стихови) и ни го активираат допаминот и предлага слушачка активност за седенки и „тим билдинг“ сеанси. 

За што всушност пее наполитанската „Фуникули, фуникула“?

Сигурно сте ја слушнале, во многубројни изведби, па дури и на различни јазици. Еден читател ни отвори очи дека нејзиниот наслов не се однесува на некакви тестенини (нешто како „фусили-ли“-„фусили-ла“) туку на - жичара.

Тајниот јазик со кој се служеле криминалците со векови

Помеѓу 16 и 19 век Европејците верувале дека постои тајно здружение на криминалци кои пред очите (односно ушите) на сите комуницираат со кодови. Нивниот таен говор можеби бил реален, но и писателите од тој период дополнително ја подгревале фантазијата на јавноста, измислувајќи по некој збор. 

Неуспешниот пуч над Рузвелт: вистинската приказна зад новиот филм „Амстердам“

Филмот, кој на едно место собира куп ѕвезди, од Кристијан Бејл, преку Марго Роби и Крис Рок до Роберт де Ниро, на моменти делува како залудно да ги троши нивните потенцијали создавајќи конфузна приказна, која се расчистува дури при крајот. Тогаш се разјаснува и написот на самиот почеток - „голем дел од ова навистина се има случено“.

Харвард ќе врати прамени коса од 700 домородни деца

Дел од мрачното минато на антропологијата е обидот научно да се докаже дека одредени етнички групи и раси поради своите физички карактеристики се инфериорни во однос на други. Како резултат на ваквите проучувања биле создавани колекции кои музеите често пати ги кријат. Една таква е откриена неодамна, по речиси еден век.

Како способноста да се поднесе самотија создава зрел човек

Одредницата „созреан“ човек е надмината помеѓу сериозните мислители од сферата на психоанализата, според кои сите сме во некаква фаза на созревање односно учење за самите себеси. Сепак, за германскиот психијатар и филозоф Карл Јасперс се зборува како за некој што достигнал необично висок степен на лична зрелост. И покрај слабото физичко здравје под чија закана бил целиот свој живот, тој не дозволил да биде обележан од ограничувањата кои тоа му ги наметнало. За своите искуства зборува во ТВ емисија од 1966.

Роман Гари - книжевниот фраер и авијатичар кој го преживеал Денот Д, но не и смртта на љубената

Од сите литературни фраери на 20-тиот век, најинтригантниот има повеќе имиња, но најпознат е како Роман Гари. Литвански Евреин роден 1914-та во Вилнус како Роман Кацев, кој течно зборувал шест јазици, тој стои зад неколку книжевни персони и е одликуван како херој на Француското движење на отпорот. Добитник е на престижната Гонкурова награда, која според правилата може да се добие само еднаш, нешто што им пошло од рака на, на пример, Пруст, де Бовоар и Маргарет Дирас. Е, ама овој човек ја има освоено два пати.

Тарковски потсетува како сите големи цивилизации до сега станале минато

„Јас сум сигурен дека и во моментов уништуваме една цивилизација како резултат на неможноста да ја земеме предвид духовната страна на историскиот процес. Не сакаме да си признаеме дека многу од несреќите што нè снашле како човештво се резултат на тоа што сме станале непростливо, срамно, безнадежно ориентирани кон материјалното“, пишува во затворањето на својата книга „Вајање во времето“, култниот советски режисер Андреј Тарковски.

„Не ми пукајте во лице“ - приказната за српската шпионка која е тема на нов филм

Пред Втората светска војна, Вера Пешиќ била таен агент на Кралството Југославија, на комунистите, на Германија и на Британија. Го запознала Хитлер, била љубовница на луѓе на високи позиции, поради неа многумина биле убиени, но и спасени. Напишала „Српска читанка“ и „Српски календар“. Стрелачкиот вод кој на крајот ја егзекутирал бил љубезно замолен да не ѝ пука в лице.

Една тага не ја чини депресијата

Знаејќи колку зачестија придавките „тажен“ и „депресивен“ во секојдневниот живот, важно е да се знае и дека овие два збора не се синоними. Експертите велат дека тие се во сооднос како пролетта и онаа една ластовичка која не ја чини истата. Правењето ваква разлика може да им помогне на луѓето да сфатат и кога им е потребна лекарска помош, за да се спречи излишно страдање.

Ласло Краснахоркаи: „Бев ноќен чувар за 300 крави“

Еден од најдобрите унгарски писатели на сите времиња, чии дела се преточени во филм од подеднакво славниот Бела Тар, денес живее во Берлин - а во 90-тите живеел во станот на Ален Гинзберг во Њујорк. Неговиот соговорник го опишува со зборовите „благ светец преполн грижа за животните“. Додека шетале наоколу во Кројцберг, правејќи го интервјуто што го пренесуваме, писателот му го позајмил својот џемпер кога станало ладно, му купил збирка поезија и му кажал што музика да слуша. 

Расказот на Милорад Павиќ за измислениот македонски писател Гане Сотироски

До 2007 делата на славниот српски книжевник, најпознат по „Хазарскиот речник“, се преведени на триесетина светски јазици. Во знак на благодарност, тој истата година објавува збирка во која секој расказ е напишан од еден замислен преведувач. Тие се кратки и се однесуваат на она што е добро во литературата на народот од каде доаѓа наводниот преведувач-писател, и што е она што Павиќ смета дека може повеќе да се нагласи, за да биде уште подобро. Има и расказ од, и за Македонија.

Направени сме да работиме, ама не вака

Есента 1963, младиот антрополог Ричард Ли отпатувал во пустината Калахари со намера да живее во заедницата која броела неколку стотини луѓе, во подрачје кое редовно страдало од суша, на територија што никој не ја сакал. Тоа направило тамошните да зависат од собирање и лов, за што се мислело дека е исцрпувачка работа. Ли сакал да провери дали тоа е вистина. Денес, неговите сознанија можат да помогнат во разбирањето на фрустрациите на современите канцелариски работници, особено во големите компании, каде нема инстантно видлив резултат од она што се „собрало“ или „уловило“.  

Хелиогабал: малку познатиот римски император кому Калигула можел вода да му носи

За оние кои уживаат во приказните за блуд и разврат во стариот Рим: запознајте го лудиот император за кого Калигура и Нерон се мали деца. Во четирите години додека бил на власт го викале и „женско петле“ и „силувач на девици“ и „Тибериски“ затоа што, откако му го распарчиле, телото му го фрлиле во реката Тибар. Име му е Хелиогабал.  

Вистинската приказна зад „Жената-крал“

Новиот филм со Виола Дејвис како водач на Агоџи, армијата „амазонки“ од африканското кралство Дахомеј, и покрај холивудскиот дизајн, всушност е базиран на историски податоци помешани со легенди.

Најновата книга на Ник Хорнби ги поврзува Дикенс и - Принс

Двајца уметници од различни векови чие спомнување во иста реченица (во случајов во наслов на книга) предизвикува чудење. Но освен што Хорнби ги спојува поради тоа што обајцата го инспирирале, тие можеби имаат повеќе заеднички нешта отколку што тоа изгледа на прв поглед.

Mузеј на „новиот бран“ во Загреб

Замислен е како омаж на „Азра“, „Хуастор“, „Филм“ и другите бендови од 1980-тите. Музејот на новиот бран беше отворен на 4 ноември и се наоѓа во двор во Влашка улица во Загреб, во самиот центар на градот. Пред него стои паркиран „стојадин“, кој служи и како шанк.

И вие ставате титл кога гледате филмови и серии?

Прво мислевме дека е нешто до нашиот слух и концентрација. После испадна дека многумина кои знаат доволно англиски сепак ставаат титл на филмови и серии. Што е проблемот?

Човекојадецот од Колорадо

Регионот Сан Хуан во југозападно Колорадо во 19 век бил познат по своите сурови зими. Тие можеле да траат и до девет месеци, а длабокиот снег го оневозможувал патувањето. И покрај ова, богатството со злато и сребро привлекувало многумина кои за грст долари решавале да се изложат на опасноста. Но веројатно ниту еден од нив не очекувал дека може да биде изеден, и тоа од друг човек.

Како пластиката го променила пазарот на детски играчки

Втората светска војна поттикнала бројни изуми кои ќе влијаат врз начинот на живот на Американците и во следните неколку децении - масовно произведуваниот пеницилин, ужасната атомска бомба. Но, иронично, мал број индустрии од тоа време биле толку длабоко повлијаени од војната во споредба со бизнисот со играчки.

Многу пред Киндл имало еден необичен читач на книги

Во 2004 излезе Сони Либри, првиот е-читач кој користеше тогаш модерен електронски екран кој имитира хартија. Колку и да изгледа ова дамнешно во технолошки години, основната идеја на апарат кој може да се држи во рака, а да собира големо количество текст, всушност датира од пред осум децении.

100 години од пронаоѓањето на гробот на Тутанкамон: како духот на фараонот станал популарен на спиритуалистичките сеанси

Овој месец се навршува еден век од откритието на гробот на египетскиот фараон, момчето-крал кое владеело во 14 век пред наша ера. Тоа покренало голем интерес, и тоа не само од археолозите, историчарите и новинарите, туку и од спиритуалистите.

Професорката која среде состанок убила тројца свои колеги

На денот на пукањето, Ејми Бишоп држела предавања по анатомија и невронаука. Еден од студентите изјавил дека изгледала „совршено нормална“. По само неколку часа, извадила пиштол среде состанок со колегите, пукала во шестмина и убила тројца. Иако најпрвин изгледало дека таа не се вклопува во профилот на масовен убиец, подоцна искрснале и дотогаш непознати информации. 

Чуму?: како потрагата по математички вистини може да доведе до бескорисни научни предвидувања

Доминантното сфаќање на нештата е дека универзумот функционира врз основа на комплексни математички вистини, чие откривање би можело да се преведе во математички модели. Врз основа на нив, пак, компјутерите би ни понудиле корисни информации за тоа како „работи“ светот. Е да, ама не.