Bookbox

Остани засекогаш млад

Дилан ја снимил „Засекогаш млад" во 1974, за албумот Planet Waves. Тоа е класична „татковска" песна, инспирирана од неговиот тогаш 4-годишен син Џејкоб, кој подоцна стана фронтмен на The Wallflowers. Од тогаш голем број музичари ја имаат преработено, како Џони Кеш, Род Стујард, Притендерс и Нора Џонс.

Едноставноста на вкусот

Прстен кој некогаш ѝ припаѓал на Џејн Остин ќе биде даден на акуција во Сотби. Авторката на „Гордост и предрасуда", „Разум и чувства" и „Ема" никогаш не се мажела и немала деца, но прстенот останал во сопственост на нејзиното семејство по нејзината смрт во 1817.

Награда минус 15,000 евра

Арапските дипломати во Франција се остро критикувани заради повлекување на паричниот дел од книжевната награда која ја спозорираат. Причина за повлекувањето: лауреатот, познатиот алжирски писател Буалем Сансал, неодамна го посетил Израел.

Летни интелектуални преокупации

Кога уредникот не е тука, Букбокс коло води. И тоа на ситен песок.

Речник на интернет ономатопеи

Неколку креативни лингвисти од британскиот Кралски уметнички почна да создава звучен речник на извици преку кои комуницираме на интернет.

Бараа честичка-најдоа фонт

„Физичарите низ целиот свет се радуваат на откритието на Хигсовиот бозон" - вака гласат насловите на денешните вести. Епа некои физичари кои ги знам не се воодушевени.

Купувачи од сите земји, освестете се!

„Последниот капиталист кој ќе го обесиме ќе биде оној кој ни го продал јажето" - преку парафраза на овој Марксов цитат уличниот уметник Ајсо (Eyesaw) го изразува протестот кон сè поагресивната рекламна индустрија.

; - љубовна приказна

Како вљубеник во интерпункцијата и во сето она што таа може да го стори овој текст ептен ме бендиса. Тој се однесува на едно „копиле" од знак, ни точка ни запирка, кој може и тоа како да биде креативно употребен, ако се најде во вистинските раце.

 

Задгробен QR код

Некој да ви кажеше дека и епитафот - таа бесмртна книжевна форма - еден ден ќе умре, ќе се насмеевте. Сега и нему треба да му се смислува епитаф.

Книгата која не може да чека

Сопственичка на книжарница и издавач, во последно време, како и повеќето мали издавачи низ светот, почнала да ги чувствува последиците од дигитализацијата. Екстремно тешките моменти бараат екстремни мерки, помислила Етерна Каденција, и почнала да печати книги со посебен вид мастило.

А ко сам онда ја?

Додека ние бевме зафатени наоѓајќи им јазични и стилски маани на нашите коментатори, во соседството се случувале епски изливи на креативност.

Староста е новата младост

Заборавете го сексот и дрогата - ако на своите почетоци рокенролот ја славеше младоста, со сите нејзини предизвици, сега, како што стареат неговите херои, тој почнува да се занимава со поинакви теми.

Како звучат златни рипки?

Во последно време како да има сè повеќе обиди за „цедење" музика од неконвенционални извори - од вселенски гама зраци, преку сообраќајна врева, до златни рипки и машини сингерици. Иако овие звуци се околу нас, веднаш изгледа (пардон - звучи) поинаку кога некој ќе ти ги претстави како композиции. 

Девојка од бронза

Марко Погачар, кого го нарекуваат најдобриот млад хрватски поет, и чија поезија неодамна беше објавена на македонски, во Букса пишува за една група со која пораснав, и за песна која како што се трупаат тоните бронза во градов станува сè поактуелна. Баш ме израдува.

Славни читаат за славните

Кога ќе видиме некој познат како чита биографија на некој ист таков, уште попознат, некако ни олеснува - значи не сме само ние тој „плебсот" кој ужива во ѕиркање во туѓите животи.

90 години од раѓањето на Васко Попа

Една од величините на современата светска поезија, роден на 29. јуни 1922 во Гребенац, Србија. 

На ситно, ко од библиотека

Уште еден бисер од приказните за библиотекари кои успеваат да се збогатат на работното место. Само овој случај вклучува многу трпение и куп ситни монети.

Паметник кој е подобро да се заборави

Две години по авионската несреќа кај Смоленск, во која загинаа 96 луѓе, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качински, во селото Калков, јужна Полска, им е изграден споменик на жртвите. Тоа е уште една, само овој пат уметничка катастрофа.

Шведска си го најде украдениот атлас во Њујорк

Андерс Буриус, библиотекар во Шведската кралска библиотека, со години крадел и продавал на црно ретки и скапоцени книги. Сега една од нив е пронајдена.

Она што ќе ни недостасува, и она без кое сигурно (ќе) можеме

Фин список на Нора Ефрон, кој можеби треба секој од нас да си го направи. Не дека нешто ќе ни недостасува кога ќе нè нема, туку да си видиме што ни е навистина битно, а што не, баш тука и сега. За смеењето и паркот сме тотално согласни.

Мерак ми е да преведам

Непреводливоста е очигледно интересна тема - особено за преведувачите, и тоа за оние кои се мачат да ги сработат говорите на ТЕД.

Чичко пушти летки!

Денес (26.06) врз Лондон од хелихоптер ќе бидат фрлени 100,000 песни. 

Розова наука

Уште еден контроверзен спот нарачан од Европската комисија, после оној кој беше критикуван за расизам. Овој пат една посуптилна тема - жени и наука.