Bookbox

Испечи, па речи

Финтава е, се согласуваме, добра - ставаш празна книга, ја печеш, и во неа се појавуваат цртежи и рецепти. Ама еве пофин предлог: ставаш празна тепсија во рерна, и оп! - вистинска турлитава. А?

Сапунче, сапунче, бели пени правиш

Предлог за скулптури кои ја симболизираат минливоста и на уметноста, и на историјата. И кои, за разлика од други материјали, вршат цивилизациски корисен акт - на миење раце.

Летна љубов

Мрзлива, забавена, леплива, разголена, влажна, топла. Љубов.

Винсент ван Домино

Домино-уметникот со ник ФлипиКет (да, постои и ваква професија) потрошила 11 часа и 7,000 домина за да ја изгради оваа реплика на познатата „Ѕвездена ноќ" (1889) на Ван Гог.

Бароуз во Виена

Во Кунстхале во Виена во тек е изложба посветена на Вилијам Бароуз, икона на битниците, инспирација на Битлси, Френк Запа, Пети Смит, Лу Рид, Брајан Ино, авторот на „Голиот ручек" и еден од креаторите на таканаречениот cut-up метод.

Последната вечера

Џули Грин има специфичен начин на протест против смртната казна во САД - таа ги црта последните оброци на затворениците пред нивната егзекуција.

„Забранет разговор со непознати"

Неодамна еден жител на Москва поставил нешто што само на прв поглед изгледа како сообраќаен знак - со ликови од делото на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита".

Чие е тоа пиво?

Текстов може да ви се допадне од три причини: ако сте по фудбалот, ако сте по пивото, или ако сте по добрите анализи на транзициско-глобализацискиот помор на „автентичноста“. На пример на автентичното, „наше“ пиво, кое сега не знаете дали доаѓа од Белгија, Данска или од Боливија.

Нова филмска адаптација на „Ана Каренина"

„Има онолку љубови, колку што има срца" - вака почнува трејлерот на новата екранизација на Толстоевата „Ана Каренина", со Кира Најтли во главната улога.

Доверба, колку тоа трогателно звучи

Опен сорс проект за секоја почит. Се прашуваме што би се случило доколку би овозможиле ваква слобода на избор („кога продавницата не работи слободно позајмете книга или платете ми подоцна") во некоја од нашите книжарници.

Начитан хип-хоп

Музичарот и комичар ДеСторм на неговиот Јутјуб канал ги повика фановите да му постават тешка задача. Нормално, мораше да биде нешто жанровски неочекувано. Како на пример, хип-хоп песна во која се спомнуваат наслови на книги.

Сам себе го пукал

Реј Долин, автостопер кој неколку месеци работел на неговата книга-патепис за патувањата низ САД под наслов „Љубезноста на Америка", бил застрелан пред неколку дена за време на едно од неговите патувања. Или не?

Јоко собира насмевки

Невестата на Џон Ленон има нов концептуален проект: да сними филм кој ќе ги вклучи насмевките на сите луѓе на планетата. 

Гослинг има(л) талент

Нè заинтересира во Crazy, Stupid Love, потоа нè ќари во Drive, за дефинитивно да воодушеви во The Ides of March (и тоа покрај Џорџ Клуни). Ама изгледа Рајан Гослинг уште од мал бил таков, плав и кул.

Блејд Ранер со водени бои

Aкварел е сликарска техника која во случај на грешка не дозволува ретуширање или поправање. Особено е тешка ако со неа мислите да правите цел филм.

„Извинете што не ви е смешно"

Кога бил издаден во 1979., „Животот на Брајан" на Монти Пајтон бил веднаш забранет во голем број земји, заради наводното богохулие. Следеле гневни протести од згрозени поединци, кои најчесто го немале ни видено филмот.

Кич потежок од камен

Пред неколку дена осамна информација дека Кустурица руши спомен-тврдина близу Требиње, затоа што каменот му требал за изградба на неговиот Андриќ-град. 

Подемот на афористичноста, нарцизмот и инфлацијата на зборот

Набргу ќе изгледа претенциозно, елитистички и старомодно да се пишува што и да е со внимание и грижа. Ако сте на Твитер станувате можни соучесници во овој глобален тренд. 

Врапчето, синот и таткото

На денешниот „ден на таткото“ (17.6), кој се одбележува во повеќе земји во светот, едно постаро но антологиско видео, кое сигурно ќе ви направи кнедла во грло. 

Книгите разменети, полиците полни

Вчера (16.06) во „Камарите“ беа донесени и земени стотина книги. Благодариме на сите што дојдоа, се надеваме си најдовте нешто интересно. Книгите што останаа ќе бидат донирани во двата новоотворени клуба на Црвениот крст на град Скопје.

Визионерски фолклор

QR Code е она матрикс баркодче, кое служи за складирање податоци - црни точки и линии распоредени во форма на квадрат на бела позадина. E, истиот мотив баба Јела од Лика го плете и везе уште од мала.

Собирачи на фрлени книги, обединете се!

Вчера дознав информација, рамна на урбана легенда - дека некаде во Автокоманда постои магацин на книги на Универзитетската библиотека во кој вработените се плашат и да влезат.

12 ретки снимки на дуетот Кеш-Дилан

Пред некој ден добив плоча од Џони Кеш, и ми падна мака - не ја собира во лаптоп, а во шпорет не свири. Слушањето музика на интернет и не е некоја замена за грамофон, ама па супер легнува која некој ќе ви ги собере на едно место сите ретки снимки на Кеш, овој пат во дует со Дилан.

Пишувај, или ќе го јадеш!

Прокрастинацијата, или одложувањето на непријатните и тешки обврски, е генерално човечко искушение. Ама сега некој нашол чаре барем за писателите, оние склоните кон пролонгирање на рокот за завршување на нивните текстови и ракописи.