Сатаната, неговиот помошник демонот Коровјев и црниот мачор Бегемот се прецртани, а текстот под знакот вели - „Забранет разговор со непознати". Тоа е всушност и насловот на првото поглавје од споменатиот роман, што е веројатно иронична забелешка за психологијата на голем број Московјани, кои според Булгаков во различни историски околности биле опседнати со шпиунажа.
Локацијата каде е поставен знакот е истата во кое се одвива дејството на ова поглавје - паркот наречен Езерата на Патријархот во чија близина живеел Булгаков, а во кој и покрај множината има само едно езеро. Иако во Советска Русија голем број топоними биле сменети, па паркот бил наречен Пионерски езера, Булгаков во романот ги користи нивните предреволуционерни имиња.
Извесен Александар Виленски на Фејсбук се пофалил дека тој го стави знакот затоа што му пречело што таму нема никаков споменик на Булгаков, а тоа го сфатил една вечер кога бил пијан. Но изненадувачки, градските власти на Москва не само што не го тргнале знакот, туку со парична награда го поздравиле неговиот чин.