Познавачите на делото и оставнината на Остин не биле свесни за неговото постоење, а цената која тој може да ја достигне се проценува на 31-46,000 долари.
Прстенот е направен од злато и син камен од природен тикриз. Едноставен е, а токму на таков накит Остин и му се воодушевувала. Во „Мејсфилд парк", уште еден нејзин роман, се спомнува епизода во која на главниот лик, Фани Принс, нејзиниот роднина Едмунд ѝ подарува златен ѓердан, и притоа ѝ вели: „Се советував со едноставноста на твојот вкус".
Прстенот ќе биде понуден на аукцијата за англиска литература, историја, детски книги и илустрации на Сотби на 10. јули. Истовремено ќе бидат понудени одлично сочувани копии од „Џејн Ер" на Шарлот Бронте и „Потеклото на видовите" на Дарвин.