Преку герилски акции овој британски уметник своите дела ги презентира на огласните простори на автобуските станици, а минувачите често се прашуваат „што ли се рекламира тука?" гледајќи ги неговите инсталации, кои на прв поглед изгледаат како само уште една креативно осмислена рекламна кампања.
„Можеби мислите дека сте имуни на рекламите, и дека тие не влијаат врз вас, но постојаното бомбардирање ја храни нашата подсвест", објаснува Ајсо, кој смета дека рекламирањето е всушност смислен процес на измама, без оглед на тоа што се продава, a рекламните паноа се „визуелно загадување“. Тој својата работа ја смета и за образовна, бидејќи со симнувањето на рекламите и ставањето на неговите предупредувачки постери на нивно место се надева дека некому (нам) ќе му ги отвори очите - да не се фаќаме така лесно на нивната мамка.
Капиталистот и јажето
Бегство од рекламата
Subvertising
Play Station - затоа што само 21% од децата во Британија денес си играат на улица