Годишнини

90 години од раѓањето на Васко Попа

Една од величините на современата светска поезија, роден на 29. јуни 1922 во Гребенац, Србија. 

ВРАТИ МИ ГИ МОИТЕ КРПЧИЊА

8

И ти сакаш да се сакаме

Можеш да ме правиш од мојата пепел
од кршениците на мојата смеа
од мојата преостаната досада

Можеш убавице

Можеш да ме фатиш за перчето на заборавот
да ми ја гушнеш ноќта во празна кошула
да ми го љубиш оддекот

Па ти не умееш да се сакаш.

11


Ти го избришав лицето од моето лице
Ти ја одрав сенката од мојата сенка

Ги израмнив ридовите во тебе
Рамнините во ридови ти ги престорив

Ти ги скарав годишните времиња
Ги одвратив од тебе сите страни на светот

Го обвиткав својот животен пат околу тебе
Својот непрооден, својот невозможен

Па сега ти гледај да ме сретнеш.

29 јуни 2012 - 16:18