
МОЌ
Можам да ја запрам Земјата на нејзиниот пат.
Направив сините автомобили да исчезнат.
Можам да се сторам невидилив или мал.
Можам да станам огромен и да ги досегнам
најдалечните нешта.
Можам да го променам
текот на природата.
Можам да се сместам каде било
во просторот и времето
Можам да ги повикам мртвите.
Можам да спознаам случувања во други светови,
во мојот најдлабок внатрешен ум
и во умовите на другите.
Јас можам
Јас сум.