Не сме сигурни која би била целната група за ваков тип подароци. Освен што би требало да имате склоност кон книжевност и кон некои од овие автори, веројатно би требало во душа да сте и малку фетишист, да ве бива за вуду, или едноставно да го негувате детето во себе. Кукли од некои македонски автори, особено за ова вудуво, би можеле да бидат прилично профитабилни.
Мишел Гондри, францускиот режисер, сценарист и продуцент („Човечка природа", „Вечниот сјај на беспрекорниот ум") направи филм за Чомски, чија жанровска определба веројатно најдобро се опишува со „анимиран документарец".
Иако под „мит" обично се подразбира приказна која може, но и не мора да содржи веродостојни ликови, локации и настани, кога е во прашање туризмот неговите џи-пи-ес координати стануваат пресудни за (не)успехот на понудата. Во случајов за Одисеј се тепаат два града во централна Италија.
Повеќе од 500 писатели и уметници, вклучувајќи пет добитници на Нобел за книжевност, го осудија обемот на надзор на дигиталните комуникации од страна на државите.
Проект од такви размери како архивата на Google Books повлекува потенцијални грешки од различен тип. Една од нив е - додека читате книга на Гугл да ви се појави раката на оној кој ја скенирал книгата, со навлечен розов „кондом“ на прстите. Луѓе од целиот свет сега ги регистрираат овие грешки, кои се една фина пукнатина во навидум совршениот дигитален систем.
„Внатре палатата на соништата: животот и времињата на њујоршкиот легендарен Челси хотел" е нова книга на Шерил Типинс која ја раскажува приказната за еден објект кој е нераскинливо врзан за историјата на современата култура.
Долго време сметана за највлијателната буква во латинската абецеда, Е на преминот на векот беше главна фраерка во дигиталниот свет. Е-ова, е-она...ама во последниве години почнаа да не ја играат.
Таман на време за празниците и за студовите кои следат, еден малку порадикален метод на изработка на шалчиња, ракавици и пуловери. Ако сте женско, сè што ви треба е волница и игли. Друго си имате.
Парче смрдливо сирење, брадавици, закани од атомски бомби, извесен Карун, ткива, жлезди и многу пот се овогодинешните врвови во лошите книжевни описи на сексот. Но само еден од нив ја доби престижната награда - Maнил Сури, за книгата „Градот Деви“.
Правењето мост си е градежен занает и мака за себе. Правењето мост од фонт е типографски занает и благо лудило по себе. Зошто некој би го правел тоа? За да покаже дека му се може.
Човекот кој ја создаде Мона Лиза и првата скица за хеликоптерот бил визионер и на полето на градењето инструменти. Еден од нив неодамна конечно ги произведе првите ноти.
Како што наближува крајот на годината, така почнуваат да се појавуваат списоци на „нај" книги за 2013. Но најзначајната можеби никој нема да ја спомене. Зошто? Затоа што таа не е книга туку - видео игра.
Утре, 1.12, во Хрватска ќе се одржи референдум за бракот, кој доколку помине успешно ќе овозможи Парламентот да покрене постапка за уставни промени, според кои бракот во него ќе биде дефиниран како заедница на еден маж и една жена. Каква врска имаат со ова писателите? Епа имаат...
На 70-годишнината од создавањето на некогашна Југославија останаа куп (што добри, што лоши) спомени на оние кои живееа во неа, но и исто толку етно-културолошки НЗС-а за нешто што сега еуфемистично го нарекуваме „на овие простори", кога мислиме на оние делови од Балканот кои некогаш не ги делеа граници. Една песна на Хладно пиво пее токму за нив.
Од новата серија Masters of Sex до сега сме поминале само неколку епизоди (од вкупно 12-те од првата сезона која ќе заврши во декември), но во тоа веќе гледаме почеток на едно убаво пријателство. Кои биле всушност Вилијам Мастерс и неговата асистентка Вирџинија Џонсон?
Што мислел Крлежа за улогата на ВМРО во македонската историја? Што им замерил на Конески и на Крсте Црвенковски? Зошто најпрвин го одбил Струшкиот венец и воопшто, каков бил неговиот амбивалентен однос кон нашата земја, во која сега има и своја улица?
Пред некое време пишувавме за ФБИ досието на Вилијам Волман, американски писател, кој бил следен заради наводни терористички активности. Сега на виделина излегоа уште некои апетити на федералните агенти, од пораната книжевна историја - животот и делата на Сартр и Ками.
Дали и вам ви се чини дека ако во СМС или на чет некој ви стави точка значи дека ви се лути? Еден навидум сосема обичен интерпункциски знак кој означува крај на реченица изгледа дека полека добива сосема нови димензии.