Клипче од две и пол минути во кое во стихувана форма еден фин дечко ги објаснува неговите преференци за жени. Оди отприлика вака: „Некои сакаат газови. Некои цицки. Не викам дека имам нешто против нив. Но она што ми е поважно, она што за мене има предност, е девојка со страст, луцидност и соништа. Затоа сакам девојка што чита".
Пред да се јави саркастичниот мешано машко-женски хор со коментари дека ова е пародија, да ви кажеме нешто. 1. Не значи дека читањето ги смалува цицките (чуму тој дуализам?). 2. Стварно сме добри.