Bookbox

Планината Броукбек како опера

Овој месец во Мадрид ќе се одржи светската премиера на оперската верзија на Brokeback Mountain. Продукцијата се базира на краткиот расказ на Ени Пру од 1997, кој го инспирираше и Оскаровецот од 2005.

Француското jaзично движење на отпорот

„Бесмртните", како што се нарекуваат членовите на Француската академија, решија да го кренат гласот изнервирани од сè почестата употреба на еден негалски акроним. Ги замислуваме како со тапирани перики седат пред мониторите и си мрморат: „Ех, златен Молиер".

Зошто Редфорд не е номиниран за Оскар?

Верувам дека нема човек кој го изгледал All is Lost а да не бил сигурен дека Редфорд оваа година во најмала рака ќе биде номиниран за Оскар за главна улога, или дека можеби ќе му ја дадат и онака, без никакво гласање и вон конкуренција. Ама...

Оживеани сликарски мајстори

Кратка историја од ренесансата до деветнаесетиот век низ анимирана приказна за уметноста и убавината која ја создава.

Книжевни одмазди на славните

Секогаш ни биле сомнителни изјавите на некои наши автори дека сите личности во нивните романи се измислени, и дека секоја сличност со постоечки места, настани и ликови е случајна. А ти си бил присутен на настанот, го знаеш човекот, и сфаќаш што е пораката - слатка одмазда.

Играчки со анатомска поента

Уметникот Џејсон Фрини (Jason Freeny) ја открива анатомската градба на омилените ликови на децата - Марио, Мики, Барби, Кити. Разликата во детските реакции на нив и оние на возрасните кажува нешто за нашиот однос кон сопствените крв и месо.

Неуспехот како поттик за креативност

На 20. јануари (понеделник) на фестивалот Санденс ќе се одржи целодневна серија работилници и дискусии на една тема којашто е важна и за животот, и за уметноста.

Песна за изопштениот

Уште ни одѕвонуваат зборовите на Ерофеев, оние кога го опиша скопскиот плоштад како гробишта ама „во позитивна смисла", и оние со кои го почна говорот вечерта кога му беше доделена наградата Табернакул.

Детективски роман напишан од - убиец

Дебитантска книга добива награда на конкурс за најдобар детективски роман. Заплетот е убедлив, ликовите делуваат реално. Не е ни чудно, кога нејзиниот автор лежи доживотна робија за слично дело какво што опишува.

Кои сме всушност „ние"?

Две книги во последниве три години предизвикаа внимание со нивните спротивставени тези. Едната вели дека интернет нè прави глупави. Другата пак вели дека технологијата ни ги менува умовите на подобро. Зошто и двете се всушност во право?

„Дефинитивна“ биографија на Лу Рид

Кој е логичниот след на настани откако ќе умре славен музичар? Нормално, нова биографија за него со „до сега неоткриени детали" од неговата кариера. Една таква ќе излезе наскоро.

Претстава во која главна улога играат мириси

Повеќе од сто години стара идеја за театарска симулација на патување преку звуци и мириси неодамна се оствари во Лос Анџелес. Во Скопје ваква претстава ќе биде успешна дури и ако во салата се пушти само мирис на чист воздух.

Вуди Ален: „Моите филмови се како кинеска храна"

Ален нема лично да ја прими наградата за животно дело Сесил Б. Де Мил на Златните глобуси кои се одржуваат овој викенд. Ќе биде во Њујорк, и најверојатно ќе гледа кошарка на телевизија.

Кога Пикасо го илустрирал Балзак

За Пикасо се знае дека мразел да работи по порачка. Сепак, кога станувало збор за книжевноста направил повеќе од 50 исклучоци, илустрирајќи дела на автори на кои им се восхитувал.

Соголената естетика на институционална Атина

Ирини Вурлумис е фриленс фотограф со грчко-индонезиско потекло. Растена е во Атина, а образувана во САД. Објавувала во Њујорк Тајмс, Тајмс, Ле Монд, Фајненшл тајмс и Њусвик. По единаесет години вон земјата, таа се вратила во Грција и се посветила на документирање на „соголената естетика на секојдневна Атина, како физичка сцена на економската криза".

Детски приказни читани од астронаути

Земските деца наскоро ќе можат нивните приказни за добра ноќ да ги слушнат од необични гласови и ликови кои доаѓаат од - вселената!

Зошто го памтиме Титаник, а не и Олимпик?

Интересен текст на Адам Гопник од Њујоркер за последниот пат кога западната цивилизација свртела од 13.-14., и за заводливоста на нашите замислени катастрофи.

Сувомеснати уметнички дела

Божикните пости поминаа, па можеме без грижа на совест да ви го откриеме најновиот музеј отворен во Италија, посветен на - саламите.

Како да познаеш патник низ времето?

Eден од поинтересните текстови на кои налетавме во новата година има врска со научна статија, социјални мрежи и патување низ времето. Доволно елементи за добар (книжевен) заплет.

Мапата на нашите животи

16 уметници, писатели и мислители прават исто толку мапи. Секој од нив го истражува концептот на мапирање, низ процес кој на крајот станува лична картографија. А таа е многу повеќе отколку графичко одбележување на физичка територија.

Како музеите да станат секси?

Природно-научниот музеј во Лондон пред Нова година понуди целовечерна забава и преспивање во неговите простории. Најголем проблем со кој се соочуваат организаторите на ваквите настани - секс помеѓу посетителите.

Како ќе изгледа светот во 2014?

Станови без прозорци, подводни живеалишта, телефони на кои може да го гледате соговорникот, па дури и да читате книги...Асимов бил во право за голем дел од предвиденото, особено за она кое сеуште звучи предупредувачки.

Година на луксузните книги

За да ја добијат битката со електронските книги, оние на хартија мораат да покажат што е она по што се незаменливи. Во 2013 излегоа неколку кои се вистинска посластица за библио-фетишистите. Можеби тоа е најава за идниот развој на пазарот на книжевни „хартии од вредност".