Bookbox

Што значи тоа „по македонско време"?

Она што физиката се обидува да го објасни преку комплицирани формули, јазикот си го илустрира многу едноставно - во англискиот постојат варијанти на еден израз кој го опишува односот кон времето на различни етнички, расни и други групи. Може да се примени и на поединци, кои не фермаат кога некој ги чека со часови.

Антропологија на нашите лозинки

Лингвистичките шеми кои се појавуваат при анализата на голем број пасворди кажуваат нешто за нас како човечки вид. Тие го ритуализираат нашето секојдневно соочување со личните спомени и со нашите вредности. А зад нив често се кријат и убави, но и трауматични приказни. 

Најбрзиот пијанист на светот

Неговите композиции траат и по три часа, а ги свири на памет, со неверојатна брзина. Тврди и дека еднаш заспал на пијаното, но неговите прсти продолжиле да се движат. Откачен и по малку арогантен, тој е сепак млазен авион во светот на пијанистите.

Филмската филозофија на Мајк Николс

Кое е доминантното чувство кое создава тензија во одредена сцена? - ова било основното прашање од кое се раководел Оскаровецот со шестдецениска кариера при снимањето на неговите филмови, кои денес се сметаат за класици. Дури и да не сте чуле за „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ или за „Квака 22“, ликот и делото на г-ѓа Робинсон од „Дипломец“ ви е сигурно познат. 

Филозофијата на вербата во Дедо Мраз

Eрик Каплан, еден од луѓето кои стојат зад Футурама, Симпсонови и Big Bang Theory, има диплома по филозофија од Универзитетот Беркли. Неговата нова книга се вика „Дали постои Дедо Мраз?: филозофско истражување". Во неа низ хумор, но и интелектуално издржано, тој се обидува да ги објасни верувањата во врска со стариот бел дедо, кого наскоро ќе го очекуваме и во нашите домови.

Зборови за кои не знаевте дека ги измислиле писатели

Ако ви недостасува некој збор - измислете го. Од оваа максима се раководеле бројни писатели во историјата, и иако најчесто во овој контекст е спомнуван Шекспир, има и помалку славни автори кои нè задолжиле со термини кои ги употребуваме и во македонскиот.

Како да прикажеш филмска дилема

Кога главниот лик треба да направи избор кој може да има судбоносни последици по него, често во филмот има некој кој тоа го изговара гласно, за на сите да ни е јасно каква е работата. Но има и посуптилни, чисто визуелни начини да се долови ваквата недоумица.

Експериментални видео игри кои дозволуваат само еден потег дневно

Еден њујоршки дизајнер се обидува да ги преиспита постулатите врз кои почива технологијата - брзината и постојаната иновативност. Неговата верзија на познати видео игри се во форма на коцка, и на нив може да правите само еден потег дневно.

Опера на Ник Кејв по повод 100 години од Првата светска војна

Кејв и композиторот Николас Ленс во бриселската опера Ла Моне направија претстава посветена на траумите кои ги предизвикува војната воопшто. Истовремено, истапија против буџетските скратувања во областа на културата кои ги прави владата на Белгија.

„Непослушни предмети": изложба на протестни реквизити

Рачно направени гас маски, штитови во вид на корици од книги, мали дронови - сите овие се предмети поврзани со протестни движења низ светот. Изложбата на која се претставени слободно можела да се вика и „Предмети на непослушните“.

Биографски речник на пропаднати писатели

„Кои се побогу овие луѓе?“ - си велите додека ги читате биографиите на оние кои останале запамтени по тоа што никој не ги знае. Ни криви, ни должни, тие го претставуваат неславниот список на неуспешните во писателскиот еснаф. А малку требало наместо Франц, славен да стане неговиот прв комшија, Ханс Кафка. 

Што се случува кога никој не лекторира академски текст

Знаеме дека ако e нешто објавено во таканаречено „пир ривјуд" академско списание, со најмалку два анонимни рецензенти кои знаат да бидат и сурови во нивните коментари, тоа сепак не значи дека е вистина. Ама може барем да биде прочитано пред да биде објавено, така?

Дизајнот како отелотворена метафора

Многу е просто - дали би купиле душек за спиење кој не асоцира на свежина, здравје и мекост и покрај тоа што можеби е направен по сите ортопедски стандарди? За пораката навистина да биде пренесена дизајнерот треба да чита малку когнитивна лингвистика. Како овој во видеото. 

Вилијам Гибсон: „Не го предвидов Фејсбук“

Вчера, 11.11, на Гибсон му излезе најновиот роман, „Периферал", кој потсетува дека тој не е некaков си пророк, туку повеќе спекулативен социолог, способен да предвиди можни сценарија врз основа на тоа како живееме денес. До сега она што излегло од неговото перо, за добро или за лошо, главно се остварило. Единствена утка му е Фејсбук.

Психолошката андрогиност како извор на креација

Вистински креативните личности психолошки се и машки и женски. Или поточно, ниту машки, ниту женски. Се работи за баланс на стереотипно спротивставени својства кој на оние кои ќе успеат да го постигнат им овозможува оригинален и инспиративен светоглед.

Уметнички дизајниран блокатор на интернет сигнал

Во Твин Пикс, ако ви текнува, имаше една жена која постојано си шеташе со цепаница, преку која добиваше информации за убиството на Лора Палмер од извесни натприродни „органи". Сега конечно сфативме што била финтата. Таа можела јасно да ги согледа работите затоа што немала интернет.

Сестра Хуана: мексиканската калуѓерка која пишуваше еротска поезија

Се сеќавате на Италијанката сестра Кристина, која стана сензација по нејзиниот настап на италијанската верзија на „Идол", пеејќи ја Алиша Кис? И пред неа имало храбри жени посветени на Бога, кои и во многу потешки времиња покажале што значи да се биде еманципиран, не како маж или жена, туку како човек.

Уметничкиот проект кој ја одбележа 25-годишнината од падот на Ѕидот

Изминатиов викенд во Берлин се одржаа бројни манифестации кои одбележаа еден од најзначајните настани во поновата историја на Европа. Меѓу нив и една 15,3 километри долга граница, ама овој пат од балони.

Кратка историја на скандинавскиот филмски секс

Има еден виц, кога во некое од нашите села требало да се прикажува шведски филм, па селаниве се испотепале да дојдат до карта за на крај да сфатат дека „филмот не е шведски, туку советски“. 

Бабата и високото образование

Ова е веројатно прв пат во рубрикава да објавуваме виц, ама таков ни е денот. Плус, овој вреди за сите пари.

Г-дин Шушани или најенигматичниот учител на 20. век

Го опишуваат како валкан, обраснат и грд. Не го откривал вистинското име, ниту каде и кога се родил. Па сепак повлијаел врз некои од најзначајните мислители од еврејско потекло, кои го делеле светот на „луѓе кои го познавале, и оние кои никогаш не чуле за него“.

„Фејк офф": нова телевизиска уметничка форма

Неодамна пишувавме за интересна интерактивна француска серија, како и за бизарно германско реално шоу. Телевизијата како медиум очигледно почнува да станува интересно поле за креација. Таков е и еден ТВ жанр во зародиш, кој заради некоја причина е наречен „фејкување".

„Авонмор" - нов албум на Брајан Фери

Го заслушавме најновото од Брајан Фери, албумот кој излегува на 17. ноември, и заклучокот е - стариот сè уште е крал на кулот.

Отвори ми бело Ленче тоа кимоното

Има така некои изрази од бизнис сленгот кои се живописни, но не и секогаш пријатни. Од „го собра кајмакот" и „го насамари" во нашиот предкапиталистички фолклор, до посовремените „бандаш сум периодов", „го лапнаа тендерот" и „нè закла". Метафорите од оваа област во Јапонија се посуптилни, дури и еротски. Ако се воопшто јапонски.