Bookbox

Нов експериментален проект на Дејвид Брн

The Institute Presents: Neurosociety, 60-минутен театарски перформанс креиран од Дејвид Брн и Мала Гаонкар, се состои од интерактивни околини кои ја претставуваат работата на петнаесет когнитивни невронаучни лаборатории низ светот.

Кој прв го употребил зборот „факт“?

Концептот влегол во секојдневна употреба во 1660-тите. Британското кралско друштво, основано во ноември таа година, објавило дека ќе се занимава „само со факти, не со објаснувања“.

Што значи англискиот израз „студено рамо“?

Додека во македонскиот за игнорирање или изневерување на нечии очекувања се користи идиомот „му сврте грб“, во англискиот е доволно и едно рамо. Но битно е да е студено.

Љубов на маргините: белешки и предмети најдени во стари книги

Користените книги имаат една предност пред оние новите, што на нивните маргини често има испишано пораки-ехо од животите на луѓето кои некогаш ги читале. Еден проект на Универзитетот во Вирџинија се обидува да ги сочува во време на дигитализација.

32.567 твитови од Хари Потер против Пирс Морган

Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.

Дали сте „амбивертни“?

Понекогаш имаме впечаток дека психолозите си го заработуваат лебот со тоа што периодично смислуваат некоја нова категоризација на личности, кон која посегнуваме како кон хороскоп - за во неа да си го пронајдеме местото, да се препознаеме и конечно да си се сфатиме. Еве уште една таква.

Кога Хамлет би бил фетус

Прељуба, предавство, освета и убиство - овие теми, одделно или комбинирано, се обработени во голем број дела, но само „Хамлет“ ја имал таа моќ да стане парадигматичeн текст на кој со векови се надоврзуваат други, препрочитувајќи го, пародизирајќи го или деконструирајќи го. Таа низа сега се дополнува со уште една книга.

Поранешниот зависник од хероин кој помогнал во режирањето на Трејнспотинг 2

Гери Фрејзер ги преживеал дрогите и насилството, па точно знаел како да го прикаже бруталниот пејсаж во продолжението на Трејнспотинг. На премиерата пред неколку дена, тој зачекори на црвениот тепих како член на екипата. 

По смртта на Предраг Матвејевиќ

Пред една недела, во загрепски дом за стари, заборавен од сите, во тесниот круг на најблиските пријатели, умре професор, писател, публицист, полиглот и еден од последните ангажирани интелектуалци на европскиот нов век. Веста на ХРТ по овој повод гласеше: „Умре автор на многу книги“.

Што треба да знаете за овогодинешното Берлинале?

67-ото издание на Берлинскиот филмски фестивал почнува денес, 9 февруари, а ќе трае во следните десет дена. На него ќе бидат прикажани скоро 400 филмови. Издвојуваме некои од насловите и темите кои ги поврзуваат.

Џек Николсон ќе глуми во холивудска верзија на „Тони Ердман“

Германскиот филм, кандидат за Оскар и за Златен глобус, е топла приказна за однос помеѓу татко и ќерка, која на моменти има апсурдни и трагични тонови. Сега се подготвува негова „американизација“. 

Режисерот на Џејмс Бонд кој самиот бил таен агент

Тоа дека креаторот на Бонд, Јан Флеминг, црпел книжевна инспирација од сопствената шпионска работа е добро познато. Но дека тоа го правел и режисер на неколку филмови за 007, меѓу кои „Голдфингер“ и „Живеј и остави да умрат“, многумина го дознаа дури по неговата смрт.

Еротиката пред Плејбој и Порнхаб

За да се насладувате на визуелни прикази на секс порано не сте морале да имате интернет. Но сепак требало да бидете во одбрано друштво претплатници на ограничен број примероци високо уметнички илустрирана литература. Која и не била толку за читање, колку за гледање.

Многу пред лажните вести имаше лажни слики

Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.

„Скриени цифри“ или приказната за заборавените црни математичарки од НАСА

Уште еден филм во трка за овогодишниот Оскар (покрај „Хоксоу Риџ“ за кого пишувавме тука) е правен според вистинска приказна. Овој пат за Афро-американките кои помогнале во тоа САД да ја освои вселената. Насловот - Hidden Figures - може да се преведе и како „скриени цифри“ и како „скриени ликови“. Сепак се одлучивме за првото, заради математичката конотација.

Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.

Сите сцени од „Денот на мрмотот“ во едно видео

„А што ако нема утре? Eве на пример, денес немаше“.

ММЕ кој прв почна да пишува за пари

Кога парите ќе се замешаат во муабетот за уметноста, одеднаш како во собата некој да прднал. Наместо да се преправаме дека не ја чувствуваме смрдеата, можеби е подобро чесно да ставиме цена на секој наш збор. И да не ги обвинуваме (старите) Грци што први се сетиле на ова.

Зборот кој ги расипува извинувањата

Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.

Нов троен албум на Дилан

Човекот убаво викаше дека е премногу зафатен за да го оддржи Нобеловиот говор, и дека затоа ја праќа Пети Смит да го стори тоа во негово име. Тогаш не му веруваа, ама еве, сега кога му излегува нов албум, јасно е дека имал работа.

Брајан Кренстон ќе го игра „пророкот“ Хауард Бил во театар

Некако ни е лесно да го замислиме некогашниот Хајзенберг од Брејкинг бед во улогата на полудениот телевизиски водител од антологискиот „Мрежа“ од 1976. А уште повеќе современа верзија на истиот текст. Всушност, и нема многу потреба од осовременување, сè си е кажано.

Војникот кој невооружан спасил 75 ранети

Еден од филмовите кои е номиниран за Оскар оваа година е биографската воена драма за американскиот болничар кој служел во американската војска распоредена на Пацификот во текот на Втората светска војна, прв кој добил Орден за храброст иако не сакал да допре пушка.

Лекции по правење чај

После првата „Чајанка на душата“, кога се бараше чајник и шоља повеќе, ве каниме на втората чајна дружба и гледање на ливчиња чај. Во пресрет на Трипун и Валентајн, дозволете да ви видиме како ќе ви оди во љубовта и со алкохолот.

56 македонски писатели за достоинство

Како директна реакција на овогодишните резултати од конкурсот на Министерството за култура во областа на издаваштвото, педесетина автори потпишаа Проглас за достоинство на македонскиот писател и на македонската книжевност. Го пренесуваме во целост.