Bookbox

Палеолитската Венера е премногу секси за Фејсбук

Славната 30.000 години стара (но држеча) Вилендрофска Венера е еден од најстарите уметнички артефакти, и културно наследство од непроценлива вредност. Сега таа може да се пофали со уште нешто - нејзина слика е цензурирана заради голите облини, кои богами ги има.

Пиење чај со кауза

Во Британија во 18 век (и не само тогаш) жените биле обвинети дека го трошат домашниот буџет на глупости, купувајќи порцелански чајници, и организирајќи чајанки за да си оговараат со пријателките. Овие го возвратиле ударот - го претвориле вообичаениот ритуал во политички чин, борејќи се против ропството. 

Професорката што предава за „Илијада“ во кафана

Ако некој ви каже дека славниот старогрчки еп личи на „Гејм оф тронс“, тоа веднаш звучи некако попримамливо отколку „куп стихови во хексаметар“. А па ако ви го претстави преку нешто што повеќе личи на актерски перформанс отколку на професорско предавање, е тогаш можеби ќе посакате и навистина да го прочитате. Барем неколку странички.

Прв соло албум на Дејвид Брн по 14 години

„Американска утопија“ се случил непланирано. Брајан Ино му пратил неколку снимки со тапани, Брн почнал да експериментира, и одеднаш добил десет нови песни. Реалист, но не и циник или песимист, тој и овој пат го истражува моментот во кој живееме, велејќи во една од песните: „Ние сме туристи во овој живот/Само туристи, ама глетката е фина“.

Дејвид Линч ве учи да чукате на тастатура

Развиена од Рајно сту продакшнс, „Дејвид Линч подучува куцање“ е игра која ви ветува дека откако еднаш ќе ја поминете во целост ќе станете волшебник на тастатурата. Ќути што знаевме да куцаме од претходно...

Бавна мисла: манифест

Ако „бавна храна“ беше реакција на „брзата“ и нездрава храна, сега движењето кое промовира да прикочиме, да се свртиме кон себе и кон блиските, и да се задлабочиме има нова и многу поважна цел - бавност на мислењето.

Kако големите букви станаа симбол за ДЕРЕЊЕ

„Нетикета“ или онлајн бонтон-от не се состои од правила врежани во хард диск. Дали емотикони се соодветни во формални мејлови? Дали треба баш секогаш на крајот од мејлот да ги додавате вашите податоци, иако оној од другата страна многу добро знае кој сте? Но како да има една работа што не трпи дискусија: КУЦАЊЕ СО КАПС ЛОК Е РАМНО НА ВИКАЊЕ. И НАВРЕДЛИВО Е!

Зошто кога паѓа снег е тивко?

Зимската идила со натрупан снег и со по некое диво животно во далечината е чест мотив во сликарството, книжевноста, филмовите и гоблените. Но дури и сред град, кога ќе падне снег е некако мирно. Само ни се чини или навистина сè се стишува?

На исландскиот јазик му се заканува „дигитално истребување“

Kога на исландскиот му е потребен нов збор, тој ретко го увезува. Наместо тоа, лингвистички ентузијасти создаваат нов термин, чиј корен е во древното нордиско минато: неологизам кој звучи и изгледа како исландски. Па сепак, дури и ова не е гаранција за опстанокот на овој јазик онлајн.

Работи кои не сте ги знаеле за Џони Кеш

На денот на она што можеше да биде неговиот 86 роденден, да се запознаеме подобро со најтоплиот баритон на планетава, Човекот во црно за кого дури и некои од денешниве деца знаат да проценат дека „знае да раскажува приказни“.

Koга Џејн Остин би го режирала „Боречки клуб“

Првото правило на Боречкиот клуб е: не се зборува за боречкиот клуб. Второто правило е: НЕМОЈ да зборуваш за Боречкиот клуб. Tрето правило: без шноли и прслуци.

Зошто има толку многу книжевни награди?

Бројните признанија од областа на книжевноста во светот веќе стануваат индустрија сами по себе. Но за нивниот квантитет има добра причина. И ние се приклучуваме, воведувајќи една лута.

Соработка на Брајан Ино со Мајкрософт: звучно-визуелна градина

Интерактивна инсталација која е спој на технологијата, сетилното искуство и музиката, а низ која цветаат илјада звучни цветови.

Нова биографија на Енрико Ферми, таткото на нуклеарното доба

Неговото име не е толку познато како оние на Ајнштајн, Фејнман или Хокинг, но тој е еден од најголемите физичари на 20 век. Нова книга се занимава не само со неговото дело, туку и со неговата контроверзна личност.

Џејн Остин користела шпенагли за средување на своите текстови

Во време кога уредувањето на текстот е повеќе прашање на мрза отколку на технички можности, тешко е да се замисли со какви проблеми се среќавале писателите од минатото. Но една жена смислила креативно решение. 

Најголемата преселба на книги во грчката историја

Националната библиотека на Грција наскоро ќе го напушти неокласичниот објект во центарот на Атина од 19 век и ќе се пресели во нов, супермодерен, конструиран од италијанскиот архитект Ренцо Пјано. Тоа подразбира преселба на дури 700.000 книги. И десет милиони евра.

Помеѓу фактите и измисленото во „Јас, Тоња“

Обидете се да занемарите дека се работи за филм за уметничко лизгање. Затоа што тој е многу повеќе од тоа.

Повлечена одлуката Орхан Памук да стане почесен граѓанин на Сараево

Нобеловецот, кој е познат критичар на Ердоган, беше номиниран за ова признание во текот на пишувањето сценарио за војната во Босна, a пред неговата најавена посета на градот оваа пролет. Но Сараево неодамна се премисли.

Изложба на игрици која завршува со нивно уништување

Секоја година на БарСК во Мелбурн организира специјален настан - „гејм џем“ или работилница за програмери и љубители на видео игри која трае од сабајле до вечер. Кога часовникот ќе отчука полноќ, сè на што напорно се работело цел ден се уништува. Соодветно на ова, изложбата се вика - Дилит.

Како корејскиот поп стана глобален феномен?

Го викаат „Халју“ (Hallyu), или корејски бран, што го означува порастот на глобалната популарност на јужно-корејската култура од 1990-тите. Денес оваа земја станува глобален извозник на популарна култура во светот, а во тоа се вклопуваат и тековните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.

Неподносливата леснотија на практичноста

Еден од тешко преводливите зборови на македонски - convenience - удобност, лагодност, практичност - е најпотценетата и најнеразбраната сила на светот денес.

Простувањето на Горан Стефановски од Небојша Глоговац

Утро, 9 февруари. Пристигна мрачната вест дека починал Глоговац. И тоа само неколку недели после веста дека воопшто бил болен. Што? Како? Нешто не е во ред со космичката математика. Немаше ни педесет. Горостасен актер на врв на моќта! Како овој подол факт сега да се обработи во главата и во срцето? Каде да се паркира сето тоа?

Како си поминав на Валентајн во Филхармонија

„Ќе паркираш кајшто пишува Бе. Од таму по скалите право искачаш на Филхармонија“.

21 љубовна песна по избор на „обични“ луѓе

Ја знаете онаа наша рубрика каде ди-џеи бираат песни на неделата, а во која до сега гостувале, како што обично се вели, „видни личности од јавниот (не толку од политичкиот) живот“. Но што ако им дадеме шанса да бираат музика на луѓе од кои никогаш јавно не било побарано такво нешто? И што ако тоа го направиме баш воочи Денот на заљубените?