Однапред знаеме кои маани би можеле да му ги најдете на текстов. Ниту општеството им понудило „високо квалитетен идентитет“ на нашите студенти. Ниту пак нашите библиотеки се толку „неверојатно богати“ како оние на Харвард или на Јеил. Но овие совети би требало да важат од најзабаталената селска училница која се грее на дрва, до најпрестижниот универзитет.
Император, војсководец, за многумина генијален стратег. Во еден момент изолиран на крај на светот, во куќа без ви-фи и сателитски канали, а полна стаорци. Што може човек да прави во такви околности а да не полуди? Па - да учи странски јазик.
Сестра Венди Бекет за Британците беше сакана телевизиска презентерка, токму затоа што не изгледаше дека се разбира во финтите на медиумот. Почина во манастир, на 88 години.
Во „Како да НЕ се збогатиш: финансиските невољи на Марк Твен“ Алан Пел Крафорд, ги истражува опсесивните аспирации на славниот автор да се занимава со разни бизниси. Подеднакво неуспешно со секој од нив.
Во Рованиеми, на работ на Арктичкиот круг, сè се врти околу неговиот најславен жител, Дедо Mраз. Она што од поплавата визуелни дразби туристите не го гледаат, е формата на самото гратче.
Неодамна пишувавме за „Солресол“ - вештачкиот јазик создаден од композитор од 19 век базиран на седумте слогови од западната музичка скала. Во редицата обиди да се создаде универзален јазик кој ќе ги надмине недоразбирањата кои ги создаваат оние поединечните, еве уште еден.
Во декември 1891, Волт Витман се разболел. Репортерите на Њујорк Тајмс континуирано и со неверојатни детали известувале за состојбата на здравјето на омилениот американски поет, до неговата смрт, на 26 март 1892.
Неименуван 70-годишен посетител на галеријата Уфици во Фиренца пред неколку дена добил срцев напад стоејќи пред сликата „Раѓањето на Венера“. Ваквата интензивна реакција на уметност не е непозната. Си има и име.
Неодамна пишувавме дека човек не треба да се фрустрира од своите купови книги, затоа што тие се само потсетници на она што тој не го знае, односно поттикнувачи на неговата интелектуална понизност. И што ако највисокото постигнување во овој свет доаѓа токму од нашата свесност за сопствената ништожност, од која (парадоксално) треба да црпиме енергија за подобро и повеќе?
Во рубрикава до сега сме пишувале за „цундоку“, односно за трупањето книги, во негативен клуч. Со блага иронија сме ги спомнале и најголемите трупачи во историјата. Но сега да ја видиме и другата страна - зошто поседувањето голем број книги (кои не сте ги прочитале) може да биде добро?
Шведска професорка порачува: музиката пуштена во продавниците и трговските центри може потсвесно да ја зголеми желбата за купување скапи работи. За среќа по нашите не го пуштаат Бетовен.
Изминатата година овој збор бил во првите 20-30 пребарувања на сајтот на издавачот на познатите речници на англиски јазик. Расна, социјална, економска - сите овие биле во центарот на американската (и не само американската) дебата.
Вообичаената мантра е - ако чуваш некој гнев или незадоволство во себе, тоа не е здраво и треба што побрзо да се надмине и заборави. Нова книга го тврди обратното: лутината е корисна, затоа што нуди морален компас и го крепи достоинството.
Сузан Потер го донирала своето тело на науката. Од тогаш тоа било замрзнато, пресечено со пила на четири дела, 27.000 пати сецкано и после секој рез фотографирано. Резултатот: виртуелен труп кој (буквално) ќе им зборува на студентите по медицина од гробот.
Неодамна пишувавме за тоа зошто не е можно да се чита во скопскиот градски превоз, кукајќи над нашата транспортна судбина. Ама некој наместо да кука, се фатил за работа.
Секој со минимум способност за интроспекција си го поставува прашањето - и кога, но и како ќе заврши мојот живот? Сепак, ретко кој е доволно храбар тоа и да го визуелизира на начин на кој го прави овој фотограф.
Вообичаеното визуелно претставување на некој кој (демек) не старее е по малку тажно: стари луѓе кои чекорат по патеки послани со жолто лисје, такви кои облечени во шорцеви и стегачи околу глава се мачат на траки за трчање или се обидуваат да рапуваат. Но има и друг начин да не те снеможи мислата на стареењето, вели Расел.
Во чест на 100-годишнината од раѓањето на големиот руски автор (11.12.1918, Кисловодск), една негова обожавателка решила да се обиде да живее како него, барем на 24 часа. Не било баш лесно.
Колку интернет страници на македонски знаете кои објавуваат квази-научни информации, полувистини па дури и здравствени совети кои всушност можат да ви го влошат здравјето? А колку сајтови на македонски знаете кои преку авторски текстови ви нудат издржана научна информација? Еве еден.