Достоевски, Сартр, Ками - сите тие имаат книжевно влијание врз делата на Демиркубуз. Но повеќе од нив, мрачниот егзистенцијализам на неговите дела е резултат на неговата сопствена биографија.
Приказната за мечето пораснато од полски војници, кое им помогнало на сојузниците во битката кај Монте Касино од 1944, ќе биде преточена во анимиран филм.
Шанур Варинаг Азнавуријан, или Шарл Азнавур, Ерменецот роден во Париз кој почина на 94 години, во текот на својата долга кариера продаде повеќе од 100 милиони албуми во 80 земји, и беше автор на над 1300 песни. Но неговиот топол тенор знаеше да испее и нешто повеќе од само „лајт“ шансони.
Утре, 2 октомври е најавено излегувањето на „Пламен“, последното дело на Коен. Книгата содржи песни, извадоци од неговите приватни бележници, стихови и рачно нацртани автопортрети.
На неодамнешната изведба на „Фантастичната симфонија“ на Берлиоз со Македонската филхармонија, за неупатените во публиката се случи нешто необично. Еден од инструменталистите полека но решително си стана од столчето и се упати кон излезот на сцената. По некое време исто толку суптилно колку што излезе, се врати на местото. Како бе така?
Карлхajнц Штокхаузен (1928-2007), германски композитор, музички визионер на 20 век, автор на електронска, камерна и хорска музика, седум опери. Но и на - минијатурни композиции за музички кутии.
Сонувала да биде бродвејска актерка. Но завршила како десна рака на Гебелс, кој користејќи го нејзиниот глас и џез музика изведена во живо, преку кратките бранови ја ширел наци-пропагандата.
„Помеѓу надеж и страв“ е веројатно најдобриот наслов за книга која се однесува на вакцините. Нејзиниот автор се осврнува на историјата на анти-ваксерското движење, истовремено истражувајќи ја и историјата на човечкиот имунитет.
Кој еден единствен збор би го одбрале ако мора да докажете дека не сте машина туку човек, од крв и месо? Ново истражување на оваа тема се базира на тн. „минимален Турингов тест“.
Утре, 27.09, се отвара новата сезона на Македонската филхармонија. На програмата - Концертот број 2 за пијано и оркестар на Прокофјев и Фантастичната симфонија опус 14 на Берлиоз. Второво дело Бернштајн го има наречено прв музички `трип`. И тоа не е метафора.
Бил советник во стотина филмски хитови (логично: во „Спајдермен“). Држи предавања за животот на инсектите по училишта и на филмски фестивали. И црта со помош на своите другари, бубачките.
Ова, дека книгите стануваат сè подебели, со жалење го констатираат судиите за овогодинешната награда Букер. Затоа што како што книгите добиваат на страници, така читателите губат на трпение.
Понекогаш помислуваме дека треба да сме пресреќни кога ќе прочитаме барем коректна и артикулирана реченица на македонски. Но има и нешто повеќе од тоа - да прочиташ (или напишеш) реченица која е истовремено суптилна и силна.
Можеби звучи како еден од оние наслови „Х кој направи тоа и тоа..“, но ова не е книга за самопомош, туку вистинска приказна, како и многу други запретана малку подлабоко во времето и памтењето.
Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција.
Добитник на Прицкер, престижната награда за архитектура, Вентури почина на 93 години и зад себе остави бројни дела, книги и познатата контра-модернистичка максима - „Помалку е досадно“ (Less is bore)
Можеби сте од оние кои веќе ја сакаат, ја слушаат или самите ја изведуваат. Но можеби пак сте од оние кои секогаш ја сметале за (пре)сериозна, тешка и здодевна. Дозволете да ве предомислиме.
Режисерот Стив МекКвин („Срам“ и Оскар за „12 години роб“) почнува нов проект - ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон.
Се користело како лек и еликсир. Но истовремено бавно ги труело оние кои со него сакале да се подмладат. Всушност токму на овој начин можеби и си ја вршело функцијата - оној кој умрел млад, не стигнал ни да остари.
Та-та-та-ТАМ! Една од најпознатите нотни низи во историјата на музиката, која вообичаено се толкува како звук на судбината. Но колку е оваа асоцијација навистина на композиторот?
Solomon Society е јутјуб канал кој објавува смешни и необични монтажи (на пример како Џеки Чен скока преку огради, од повеќе филмови). Најновото видео им е насловено „филмови кои одат наназад“.
Во библиотеката Форт Вашингтон на Менхетен со години постоел „скриен“ стан, во кои живееле луѓето кои ги полнеле печките со јаглен за загревање на објектот и нивните семејства. Такви станови имало во скоро сите библиотеки во Њујорк.