Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.
Во март 1832, Оноре де Балзак добил писмо на својата париска адреса. Жигот бил од Одеса во Украина, но немало информации за испраќачот. Содржината била остра критика на тогаш нов роман на овој автор, од страна на жена во која Балзак наскоро ќе се заљуби.
Веста за распаѓањето на Битлси го погодила светот како ниту една друга слична вест до тогаш (а можеби и засекогаш). Така, некако е логично дека кога во 1976 се појавил еден мистериозен албум, фановите сакале да веруваат дека тој е на нивниот омилен бенд.
На Марлон Брандо му се припишува изреката дека „глумењето е најнемистериозна од сите вештини“. Но за научниците отсекогаш било загатка што се случува во мозокот на актерите кога се ставаат во позиција на ликот кој го толкуваат.
Одамна се знае дека пчелите се паметни суштества. Имаат одлични навигациски способности и меѓусебно комуницираат преку „танц“. Е сега излегува дека се разбираат и во уметност.
Се вика „20 парчиња“, дело е на уметник од Њујорк, и е точно она што го најавува нејзиниот наслов - тенко исечени парчиња кашкавал, онакви ко за на пица или за во сендвич. Навреда за книгите или добра финта?
Ваков филм би требало да привлече повеќе внимание отколку што тоа го направил „Бункер“. Работата е што никој не верувал дека Џозеф Монкс навистина го сработил. А овој вели дека го правел „со затворени очи“, водејќи се од сетилото за слух и довербата во актерите.
Бунтовник со голем нос, но и со широк и слободарски дух, кој бил многу пред своето време. За жал потиснат од она што од неговиот лик го направила книжевноста и популарната култура.
Дер, ди, дас. Германскиот содржи именки од машки, женски и среден род и ним прилагодени придавки и заменки. Но по одлуката на Хановер да ја прифати „родовата ѕвездичка“ за нивно пишување на родово неутрален начин, едни се скандализирани, а други сметаат дека ова е реален одговор на укинувањето на традиционалните родови идентитети.
Италијанската режисерка, на која денес малкумина се сеќаваат, го отворила патот за нејзините колешки кога во 1977 била номинирана за филмот „Седум убавици“.
Леонид Бершидски, коментатор на Блумберг, проценува дека Брегзит и непопуларноста на Трамп се закана за иднината на „англосферата“ - културното, интелектуалното и политичкото влијание на Британија и САД. Па сепак, англискиот ќе си продолжи, иако по можеби сосема нов пат.
Шведската академија ќе ги објави добитниците и за 2018 и за 2019 година, по сексуалниот скандал кој доведе до откажување на минатогодишното доделување. Ќе биде финта и оваа година да ги стресе некоја афера, па следната да доделуваат три. И така по ред.
Eдните уште од раѓање се отпорни, храбри, самоуверени. Други ги впиваат сите дразби од околината, пречувствителни се и тешко се прилагодуваат на нови ситуации. Еден педијатар ги нарекува деца-пиреј и деца-орхидеи.
Еден вид глувци пронајден во шумите на Централна Америка има музички репертоар од скоро 100 ноти. Но Scotinomys teguina, или „пеечкиот глушец“, не е импресивен само заради неговиот вокален опсег, туку и заради брзите дуети со други припадници од својот вид, кои личат на човечки муабет.
Oбично со „животно“ опишуваме човек без емпатија, кој е насилен, суров и без емоција. Можеби би требало да го ревидираме овој стереотип, имајќи ги предвид доказите дека дури и еден стаорец може да има повеќе чувства од некои луѓе.
Веројатно нема повозбудлив времеплов од оној на прелистување стари весници. Иако во случајов се работи за дигитална архива на дневни изданија од времето на Кралството Југославија (1939), на која ѝ недостасува тактилноста на допирот на старата хартија и нејзиниот мирис, некои од објавите се крајно интересни не заради дневно-политичките настани кои ги опишуваат, туку затоа што одразуваат културни ставови и вредности.
„Никогаш не сфатив зошто Хомер се смета за креативен, а Платон не. Зошто лошиот поет е креативен писател, додека добриот научен есеист не е?“ Умберто Еко се обидува да одговори на прашања кои и нас нè мачат долго време.
Има една изрека, дека водата „секогаш си го наоѓа патот“ и дека дури и кога човек мисли дека ја скротил таа може да избие на неочекувани места. Во случајов се работи за цела река.