Bookbox

Човекот кој си ја стави главата во акцелератор

Од сите места на кои можеш да си ја бутнеш главата, aкцелератор е најлошото. На 13 јули 1978, тогаш 36-годишниот руски научник Анатолиј Бугорски морал да го стори точно тоа.

10 дена и 9 часа: најдолгиот маратон со изведба на дела од Бетовен

Во чест на 250 години од раѓањето на Бетовен, Данскиoт гудачки квартет од 7-18 февруари во Линколн центарот во Њујорк го изведе целиот циклус негови композиции за ваков ансамбл. На крај настапиле и на бис, за да покажат дека уште им се свири.

Матриксот на Ајзенхауер: системот за планирање на американскиот претседател

„Она што е важно ретко е итно, а она што е итно ретко е важно“, има изјавено Двајт Д. Ајзенхауер, 34-тиот претседател на САД. Да научиме нешто од него.

Психологијата на згрозувањето

„Бљак“ можеби звучи како непосакуван извик, но границата помеѓу револтираноста од нешто и привлечноста кон истото понекогаш е замаглена.

Писмото од затвор на 89-годишниот Бертранд Расел до сопругата

Расел бил во затвор? Ова беше нашата прва реакција на веста за дигитализацијата и објавувањето на неговата кореспонденција од зад решетки, каде завршил на два пати во својот живот.

Хадака мацури: јaпонската прослава на голотијата

Секоја трета сабота во февруари во јужниот дел на островот Хоншу се одржува фестивал на кој се собираат и до 10.000 (речиси) голи мажи. После него во Јапонија доаѓа пролетта.

Издавачот на Дарвин не верувал во еволуцијата, но сепак ја издал неговата книга

Излегувањето на „Потеклото на видовите“ на Дарвин во 1859 го променило текот на научната историја. Она што е необично е што нејзиниот издавач бил и меѓу нејзините најголеми критичари.

Станислав Петковски - Сашо: „Се промовираат нови вредности кои се деривати од алчност и итроштини“

Родителите во воспитувањето на своите деца се препуштени самите на себе, бидејќи не постои добро организирана држава, која би можела да им биде партнер во овој значаен проект. И покрај песимизмот за иднината, психолози како Станислав Петковски се обидуваат да го дадат својот придонес во дијагностицирањето на состојбите, но и во нудење лек за истите.

„Кисел Валентајн“: навредливите картички испраќани во 19 век

Нема полошо од тоа да добиеш вербална „корпа“ од симпатијата, и тоа баш на 14.2. Ама овие картички биле и нешто повеќе од тоа - вистински хејт мејл, за кој дури си морал и да платиш при прием на пораката.

Ретко пијано од 200.000 евра (со четири педали) уништено при селење

Има различни љубови, кон луѓе, животни, предмети. Љубовта на музичарот кон својот инструмент спаѓа во големите. Па така и тагата кога тој насилно ќе замине во рајот на инструментите.

Научниците си ги ♥ своите емоџиња

Вклучувањето на сликички од областа на науката во оние кои можат да се користат во онлајн пораки и постови би требало да е добра вест. Е, ама со научниците сè мора да е малку комплицирано.

Тејт модерн до комшиите: „Ако ви пречи што ви ѕиркаме во становите, спуштете ги ролетните“

Сопственици на луксузни станови во зграда спроти познатиот видоковец на Тејт модерн повторно изгубија на суд против галеријата. Изгледа сепак ќе мора да стават завеси (или ролетни) на скапо платените прозорци.

„Кореја изгледа гламурозно, но младите во неа се очајни“

Бонг Џун Хо го опишува својот филм за класните разлики како „неутрален“. А себеси се гледа пред сè како сценарист, кој едвај чека да помине целата ука-бука околку Оскарите, за да може да почне да работи на нов проект.

16 совети од Чик Кориа за свирење во група

Некои од вас ќе речат „ниту свирам во група, ниту се занимавам со музика“. Но како и сите добри совети за што и да е, и овие кажуваат нешто пошироко - за личната креативност, но и за нејзиното вклопување во колектив, во случајов во џез ансамбл.

Koга Вернер Херцог му го спаси животот на Хоакин Феникс

Звучи како урбана легенда, но не само што ја има на Википедија страницата на оскаровецот, туку ја потврдил и самиот Херцог. Сепак, надреално.

Во Вашингтон ќе се отвори музеј на јазикот

Се вика Planet Word, и претставува интерактивен музеј посветен на јазикот, оној кој се зборува, се пее или се пишува.

Хилдур Гуднадотир - првата композиторка добитничка на Оскар по 23 години

Има тешко име кое Сигурни Вивер едвај го изговори на сцената. Но за оваа Исланѓанка изгледа допрва ќе слушаме.

Писмо од авторот на „Лет над кукавичјето гнездо“: реалноста е многу полуда од фикцијата

Кирк Даглас, кој почина неодамна на 103 години, во 1963 имал одлична улога како Рендал Мекмарфи во бродвејска продукција на „Лет над кукавичјето гнездо“. Како што би се случило и денес, и тогаш дел од критичарите го нарекле филмот навредлив и претеран. Авторот на книгата реагирал со отворено писмо.

Чарлс Дикенс бил погребан со почести спротивно на неговите желби

Ново истражување ја открива шемата, испланирана од најдобриот пријател на Дикенс, викторијанскиот писател да биде погребан во Вестминстер, крај своите славни колеги, и покрај експлицитното противење на писателот.

Eзерата како пејзаж, историја и меморија

„Езерото е најубавата и најекспресивната црта на пејзажот“, вели мотото на нова книга на Капка Касабова, „Кон езерото: балканско патување на војната и мирот“.

Опера базирана на роман на нобеловката Светлана Алексиевич

Премиерата се случи неодамна во Штутгард, а станува збор за опера чие либрето е базирано на роман на Алексиевич, помешано со музика од делото „Борис Годунов“ на Мусоргски. Времето во кое настанале делата се различни, но некои работи во Русија според авторите тешко се менуваат. 

Радоста на готвење гол

„А не ве прска зејтин додека пржите?“ е едно од најчесто поставуваните прашања на луѓе кои формираат живописна заедница на нудисти-готвачи. И шетачи на кучиња. И караоке пејачи.

Како кофеинот го променил светот

Околу 80 проценти од светот е зависник од една психоактивна супстанца, на која, бидејќи е дозволена и широко распространета, не ни гледаме како на таква. На здравје кафето!

Лажниот свештеник кој седум пати се женел

Една вечер во ноември 1958, историчар по име Хју Тревор-Ропер добил чудно писмо. Тоа било повик за помош, напишано од студент на колеџот Магдален, со тврдење дека е прогонуван од бискупот на Оксфорд. Тревор-Ропер, љубопитен за случајот, се согласил на средба. Така се запознал со Роберт Паркинг Питерс: плагијатор, бигамист, лажен свештеник и изнудувач.