Има голем број музеи кои се однесуваат на визуелната уметност, но со овој музеј конечно се оддава признание на вербалното. Planet Word, нова институција во Вашингтон, ќе ги образува посетителите, но истовремено ќе го претстави јазикот и како забавна алатка за комуникација.
Музејот ќе има 11 галерии со различни, интерактивни поставки. На пример, во една од нив публиката ќе може да наслика сцена со зборови користејќи мали четки кои го менуваат виртуелниот пејзаж. Друг елемент е таканаречениот „Зборовен ѕид“, кој содржи над 1000 зборови кои кога се изговараат се осветлуваат и ја раскажуваат приказната за тоа како влегле во англискиот јазик.
Во забавниот дел има караоке кое нуди можност да се држат говори, како оној на Кенеди или на Мартин Лутер Кинг помладиот. Освен постојаните поставки, музејот ќе нуди и „Зборотилници“, односно работилници наменети за деца и возрасни, на кои ќе има јавни читања и перформанси.
Planet Wоrld за јавноста ќе биде отворен во мај 2020.