„Земја“ можеби и не е најточната одредница. Станува збор за нешто што на американскиот југ го нарекуваат „бела прашина“ - мека глина (каолин) која е примарно наменета за правење порцелан, хартија и боја. Ама ете, можело и се јаде.
Се вика Марк Доусон а неговиот трилер „Чистачот“ до скоро беше на топ-10 листата на Сандеј Тајмс. Односно до моментот кога беше откриено дека работата, наспроти насловот, не е баш чиста.
Пол Робсон бил афро-американски пејач, актер и активист за граѓански права кој се нашол на црната листа на владата на САД. Неговата животна приказна е тема на нова книга.
Пиењето чај во медитативна атмосфера е обред за почит сам по себе. Но во провинцијата Сичуан во Кина постои еден „театарски“ начин на уживање во овој пијалок кој вклучува стилизирани движења од боречките вештини.
Знаете она кога не ви текнува на име на актер, или наслов на книга, или име на песна? Лесно е, внесувате нешто асоцирано со нив во Гугл и обично машината ви го исфрла резултатот. Обично.
Поради пандемијата, опседнатоста со миењето раце и зголемената хигиена е нагласена. Но и без тоа, дел сме од „дезодорирана“ епоха, во која стереотипно сметаме дека нечистотијата и опојниот мирис на немиени мишки не им пречеле на нашите предци. Што и не е баш така.
Германски истражувачи повикале 4.000 волонтери да присуствуваат на поп-музички концерт, за да им помогнат да ги проценат ризиците од заразување со коронавирус на масовни собири.
„Светот на спокојството“ ќе понуди приказни и слики кои ќе се обидат да го намалат стресот и хаосот на времињата во кои живееме. Богами, потребни ни се.
Се вика „Никогаш“ и е на помалку познат шпански надреалист, кој си го одзел животот на 51 година. Претставува грамофон во авто-еротска женска поза, а до скоро чмаел во париски магацин.
Меѓународен колектив на ди-џеи и композитори на електронска музика прави мешавина на денс ритми, звуци од шумата и џунглата и песна на птици. Приходот од продажбата оди за спасување на најзагрозените видови.
Срамот е емоција која стои во темелите на човечкиот поредок. На почетокот, Адам и Ева не се срамеле. Потоа каснале од дрвото на знаењето, очите им се отвориле, сфатиле дека се голи и се покриле со смоквини лисја. Токму нивниот срам е она што ги направило луѓе. И обратно, отсуството на срам се толкува како знак на нечовечност.
Ликовите кои ги толкувал на големите екрани имале турбулентни животи. Но и приватниот живот на Чарли Чаплин не бил без возбуди. Во една прилика, на пример, тој за малку ѝ избегал на смртта за време на воен удар во Јапонија, во 1930-тите. И ич не било смешно.
Пред да има вакцинација во денешната смисла на зборот, во 15 век во Кина почнала да се спроведува „вариолација“ - прв метод со кој луѓето се имунизирале против големи сипаници. Начинот е малку гаден, но резултатот бил крајно успешни. Секако, и тогаш имало анти-ваксери.
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Секоја година во САД се регистрираат повеќе од 50,000 сценарија. Но само мал број од нив навистина се снимаат, а уште помал број засекогаш ја менуваат филмската историја. Чисто статистички, помеѓу нив мора да има и нешто што вреди. Но како тоа нешто да се најде? Еден човек решил да не игра по правилата.
Веројатно нема побуквален начин фотографски да се забележи периодов низ којшто поминуваме, отколку самите фотографии да го содржат она што го ставаме на нашето тело. Средства за заштита од бактерии, вируси и од лоши мисли.
Вистинското име ѝ било Марија Барбела. Во 1895 била обвинета за убиство на љубовникот и осудена на смртна казна. Нејзината приказна била медиумска сензација.
Оваа приказна има врска со еугеника, производство на млеко и месо, и со „чесниот суд на говедската правда“. Иако звучи неверојатно, ова е чиста историска вистина.
Џејсон Пеџет е опседнат со математика. Дури и кога мие заби - ја става четката под чешма точно 16 пати. Има необичен талент, да црта прецизни повторливи геометриски шеми, познати како фрактали, рачно. Но тој не е роден со овој талент, туку го должи на еден (не)среќен случај.
Неговото име потекнува од стар шведски збор кое значи „штици кои се користат за заштита на бродски товар“. Ако го толкуваме како обезбедена архитектонска структура, често под земја, чија намена е заштита на луѓето или на скапоцени предмети во тек на криза, тогаш бункерот е најстариот тип објект направен од луѓе.
Дали деновиве ви се случило да добиете мејл, или да ве спомнат во пост, во кој се бара да го напишете омилениот рецепт, да препорачате книги или да размените стихови поезија и истите да ги препратите понатаму? Методот е стар, но поентата е иста - споделување и социјализација.
Се викала Gruppo di Improvvisazione Nuova Consonanza, или скратено „Ил групо“. Формирана во Рим во 1964, таа се смета за првиот колектив на експериментални композитори. Нејзин член бил и Енио Мориконе, кој почина денес, 6.7, на 91 година.