1000 бесплатни книги од Дијана за заедницата

Оваа сабота (06.06) во КОМБО, Железара, ќе може да си изберете една (или повеќе) од 1000 бесплатни книги од колекцијата на госпоѓа Дијана.

За Дијана, пишува нејзиниот син Дамјан:

„Дијана, жената која безброј луѓе ја препознаваа од далеку по нејзината насмевка, топол збор и спремност секогаш да помогне на пријател, непознат, куче, маче, гулаб...Жена која цел живот го живееше според мотото 'важно е и храбро да му дадеш и помогнеш на човек, а не да му одземеш!' Страствена читателка на книги од мала возраст, кога била во неволја прибежиштето го наоѓала во библиотека, со желба да има своја колекција. Тој сон и се исполни неколкупати, но сепак мораше да  стреми кон него секојдневно, бидејќи немаше ден кога некому не му подаруваше книга, не им подаруваше дел од својата душа. Силен борец за достоинствени права за сите, заштитник на најранливите членови на нашата заедница, а особено на животните. Жена која остави траен белег во своето време на планетава." 

Желбата на госпоѓа Дијана била нејзината колекција на книги да се предаде во рацете на сите љубители на убаво напишаниот збор. Дојдете и земете дел од неа во сабота (06.06) од 12.00-19:00. Локација на Комбо тука.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @kombo.creativestudio


 

3 јуни 2026 - 11:58