Да, можда трите последни Стар Ворс филмови не се најсреќното решение според џедаите, ама ја дообјаснуваат приказната, ѝ даваат фина нота на еден цел еп. Рамбо 3 е д хол поинт на Рамбовците. Во прв дел Сталоне кажува 3 реченици, убива 7 души. Втор дел: 12 реченици, 136 мртви. Трет дел, 300 збора – 800 мртви. Има консекутивност, се согледува контекст, се следи тренд. Е зш бе да немат продолженија на народниве песни? Кој тоа одлучи дека треба цел живот да се прашуваме дали на наредниот Мис Ворлд пак ќе нема поубаво девојче од Македонче, или дали некој му отишол на Јонче Христовски во куќата на Пелистер, аџанак, баџанак?