Отпишани но распеани

Македонија мора да победи

Лешперските наслови секогаш привлекувале внимание. Лешперските фестивали такоџе. Евросонг, евровизија, евро и евра, Евридика, евритинг што го носи блудниот префикс „ЕУР" не пали како црвена боја младо бикче, како нов предлог на Нимиц, како виц за Тоше па се оштриме максимално за презентација на се што знаеме и умееме во друштвото на оние за кои не постоиме. Зошто? Бидејќи сме шупци. И како такви, мора бе да тепаме еднаш. Еве како...

План А за конечна победа: Молчење на сцена

Тоа што Англија, Франција, Шпанија и уште неколку нивни другарчиња секоја година имаат пласман во финале иако најчесто вадат гној песни (со што не отскокнуваат многу од евросонг просекот) е исто како во Лига на Шампиони во фудбал Барса, Реал, Јунајтед, Арсенал, Баерн, Јуве, Милан и Бекешчаба (последниве да разбијат монотонија) секоја година да имаат обезбеден пласман во осмина-финале без оглед на квалитетот, формата и пласманот во националното првенство ерго фазата по групи во ЛШ. Мајмунска финта.

Нашиве ќе поминат голгота за да дојдат на лице место евровизиско (во најтренди дискачот, пеер), со куферите во рака и картите од авион во уста, со лонгплејки под мишка поради трчањето да стигнат во големата среќна евро-фамилија, а таму на лежалки со мохито и пура виткана на меките бедра на млада Кубанка ги чекаат големците од Европејскиот Сојуз со обезбеден пласман во финале. Потомците на Александар невино и со поглед полн очекување сигнализираат дека пристигнале чекајќи нешто да се случи, а Енглезите и Французите Ла Манш ги боли.

-„Добравечер добри луѓе, добре ви дојдовме. Ние сакаме да си се дружиме, раце да си пружиме, културно да се такмичиме за на Гоцета наш да заличиме".

-„Оу блади хел, доус Маседонијанс аген...

Клекнат лав, скриен воин. Македонија на евросонг ти е како мало дете кое пика глава меѓу нозете на големите чичковци додека муабетат, со надеж дека ќе има тивок момент за дриблинг на мал простор и ќе каже некој виц кој ќе ги насмее титаните, па ќе ја погалат по глава и ќе ѝ кажат: „Малечка, па ти си била добра, ајде да се дружиш со нас... Спремаме една претстава, може да ти доделиме улога. Си чула ли за Калигула?".

MK ПРЕД ПОРТИТЕ НА ЕУ

Не може така мајстори. Затоа, македонската делегација на Евросонг треба најпротестно на свет, најдемократски и најфино да си одмолчи три минути на сцена во знак на протест. Да си го преќути своето. Излегуваме со фанфари, со луда најава, растрчани по сцена и на три-на-позор-четири-сад, сите 6 луѓе застануваат, палат цигаре, се шуткаат по сцена, играат ластик или сервис. Очи ќе им испаднат на Европјаните од еден таков дадаистички третман на нивниот ценет фестивал. Ќе сконтаат дека и ние коњи за дркање имаме. 180 секунди агонично преиспитување на Стариот Континент. Насловите во утрешните весници: Зидојче Цајтунг: „Каде ли погрешивме со Македонија?" Ла Новина Италијана: „Кво Вадис Сурова Унијо?" со наднаслов „Вафанкуљо Италија, гранде Пандев". Француски Ле Фигаро: „Не се Македонците немузикални, ние сме говна". Вонредно собрание на ООН на иницијатива на Меркел, прием на Македонија во сите институции под уставно, кинење на визи, неповратен кредит од 15 милијарди од програмот „На ви да ви се најде" плус 30-тина милијарди вложување во обнова на земјата. Промена на регулативата на цел континент: смееме да јадеме со раце + поставување билборди долж течението на Дунав од Шварцвалд до пичковец со содржина „Ајвар е закон!“.

Музиката го спасила светот, уште еднаш.
(првиот пат е кога Хитлер се самоуби бидејќи на радио Берлин диверзантски била пуштена „Раке пуке раке шлаке").

Варијанта Б за победа: праќаме гуслар на кој му даваме налог во трите дозволени минути да закомпонира песна која ќе ги опфати сите позначајни хитови од палеолит до денес, напишани на мајчин чист Македонски, песни наоѓани долго пред Миладиновци и Цепенков по шумама, горама и пештерама. Карлос Валдерама ќе е стилист на нашиот херој кој ќе ја распичи гуслата, ќе ја растегне од Монтезума до Триполи, од Стамбола до Ослоа. За три минути – шлог за пола Европа. Мачнотии и лошење. Ќе одат да повраќаат во ист момент и бидејќи во ист момент ќе пуштат вода да го однесе лошото, ќе се создадат големи фекални поплави низ улиците на големите европски градови кои само ќе го потсетат универзумот уште еднаш на вистината за Македонија и на неправедниот третман на сиот тој суров капиталистички монструозен свет кон нашата мала на карта но голема на стара карта Држава! Совесните Европјани ќе се сожалат кон нас, ќе не прегрнат братски со бирање на 7-8 бројки и ете нè нас на тронот на Европа. Крал и Кралица од Македонија, по КАСАП стандарди.
Правдата е задоцнета, но е задоволена.

План Ц за покорување на распеани Европјани: Со отварање на портал кон демонска димензија (веројатно во парламентот) и влегување во сојуз со Ктулу кој ќе лобира за нас со помош на првдољубиви изблуени огнови, демократски земјотреси и добрососедски метеори и астероиди.

План Д за тепање на Евросонг: Со хебли и мотки.

Европо, ДОАЃАМЕ!

betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT

 

16 мај 2013 - 12:12