Прајм министер напрај машки потег и му пиша СМС на колегата од Јунанистан Самарас на варијанта: „Буљо, дај бе доста се фемкаш, ај да седнеме на ќебапи и да видиме до кај сме, ги изнашетавме преговарачиве, искинаа по 10 пара опинци, а и Нимиц нема да го држи Горнион на должност уште многу. Јас и ти, мано о мано, ќе си седнеме на мезе, ќе пуштаме наизменично Демис Русос и Јонче Христовски и ќе се изнасликаме за сите пари, за толку барем знаеме. Жута дуња зелен бор, не биди педер."
Една шака домачих експерта одма му се фатија за муабетот на нашиот Бр.1, као демек си купвел време, не бил озбилен и сериозен, не бил тактичар, не знам шо уште не бил. Дека премиер на една земја баш и не морат да му го земат лебот на Св. Петар и да им судит на духовници за морал, чесност, намери, искреност, вера и право на личен став – не морат, ама дека вакви прашања шо сме си ги таксале за најважни требит да ги земит машки под рака – требит. Не само машки, да се разбериме. Многу работи се и премногу машки по сите дефиниции, ама не се најприфатени, да бидиме коректни.
Потегот на Ел Хефе ме бендиса најискрено и пошо за разлика од него го неам бремето да сум политички коректен ниту можам да ја ослабам позицијата на Македонија во разговорите, преговорите, договорите или како и да се викат ова шо го прајме со Атина и Спарта, ќе се потрудам барем да помогнам, ако не можам веќе друго да напрам. Значит, ко ќе се седнит на маса на средба од највисок ранг, можит да се дискутират за појќе предлози, меѓу кои и:
Република Северна Од Грција Западно од Албанија Што Јужније од Србија и Косово и Источна За Албанија (Шо Е Иронично) Македонија
Почетен предлог, широкограден, мераклиски за твоите контерпартс. Опфаќаме све од комшилук, си ги ставаме во име на земја и шо и да се десит тие знает дек ќе живеет вечно во нашето име кое нема да загине (читај: Привремена Спогодба која шо трајт вечно и ја држит во живот Југославија ден денес иако одамна пченката сме ѝ ја изеле). Географски одредници, будизам и МАКЕДОНИЈА! Пошо ќе е комплицирана скратеницата, пак ќе си останиме колоквијално Македонија. Сите сречни и задовољни. Плус, сите ќе знајме дека сме запад за Бугарија,шо е такоречи јако и објасвит многу работи околу нивниот мерак на Македонија. Ама нема да пројдит, па благонервозно нудиш наредна опција.
Република Македонија (У Уста Да Ви Го Набутам)
Сега веќе покажвиш став. Овде уствари прајме модификација на еден од омилените предлози на Грција, „возаградаСкопје". Суштината е иста, се користит скопски сленг наместо името на градот шо требит да разбудит имагинација кај читателот на името. Да не зборвам дека отварат милијарда можности за снимање на рекламни кампањи за привлекување на инвеститори и туристи во земјава. Macedonia: Long. Го ангажираш Карло Бос, првиот кумановец во порно Италија, да ти привлечит посети од странство. Башка, спот на Си Ен Ен после полноќ е сигурно поефтин него овие шо одет сега во прајмтајм. Еве и текст за спот: „Дами, дојдете денес во Македонија, а вашите деца ќе се вратат за 25 години да си ги запознаат татковците". Емиграција ќе фуче. Евентуално пола Европа ќе е со македонски расплод, и тука имаме проблем во прифаќањето на ова име за сеопшта ерга омнес куни лингус употреба. За жал.
Северна Уникатна Република Самостојна Демократска Јебејбе Македонија Шевролет Калос Седумнаесет
Овај предлог го фрљаш на маса чисто за да ги збуниш другите странки во преговарачкиот процес. Онака, блицкриг финта. Дриблинг. Тие те гледет зачудено, ти си турпијаш нокти и прајш фаци од типот „ајде бе, ајде мајкини, да ве видам сеа". После то станвиш посериозен и предлагаш веќе нешто далеку поконкретно. Ама од старт имаш подобра позиција, бидејќи се што ќе кажеш наредно ќе е сфатено како врв на конструктивноста.
Република Македонија во заграда до Индија плус Русија, Турција, Израел, Кина и Макао затвори заграда
Опа. Сеа ќе ги уплашиме малку. Ќе внесиме малку вибрации во нивните рахитични нозе. Ова ни се господа нашите стратешки партнери и јебемисе за Нато и за ваше уније, пројекте, јебе ми се за ваше Бриселе и Амстердаме. Ако не нè сакате вакви какви што сме, ќе си се финолепо преориентираме накај Исток. Прво, поголем регион е (има и Близок и Далечен, шо не е случај со запад), па има Источен Поток и во самиот назив стои акронимот на одобрување О.К.
И нема да им биде чудно и страно: Македонија секогаш кога решавала да се измеша со светот тргнувала на исток. Нас историски гледано запад не ни одговара. Кај и да оделе на исток нашите претци мерак гледале. Тоа вавилонски свадби и млади плодни невести, па тоа слоновите на Дариј трети кои и ден денес не памтат... Турците толку многу мерак ни имале што само затоа што 1800 години не сме им беше биле на посета во средината на минатиот милениум ни дошле на гости и толку им се заарнило што не сакале да си одат. Ако Индија, Турција и Израел (по патња сродни) се оправдани во името, да ги дообјаснам другите: Русија затоа што им требаме за да бидеме 202 милиони, Кина бидејќи кино-културата, кинези-терапијата и кинолошките друштва кај нас заживуваат сè повеќе и повеќе, а Макао бидејќи нема држава која се вика Табланет. Предлог одбиен од страв. Пички. А им играш по мерак со заградите. Џабе.
Република Јужна Македонија
Чекај, како сега јужна? Е така бе брат. Просто е и историски оправдано (фала Миладинов). Башка, секогаш кога некој белосветски колега државник на нашите менаџери ќе сака да им се јави, ќе може да се нашали: „Јави се јужна" па кога еден телефонски разговор ќе ти започне со УУУ – УУУ – ААА – ААА – Македонија – Македонија ем расположен ќе го дочекаш останатиот тек од разговорот во кој и фразата „враќање на кредит, мали" нема да има предемонска димензија па ќе стивнат и Пајаците и сообраќајците, ем „на мала врата" веќе те признал под уставно и знае дека само една има вистина, има една Македонија. И тоа е најважно, да се знае каде е правдината и кој е крив сега кога Бранко е во пензија. Средбата се ближи при крај, предлозите се менуваат како хокеари. Без паника. Поентираш на крај со уште еден предлог со загради.
Република Македонија (Gmv + Лg mv = 8ПG/C^4 * Тmv)
Многу фраерски предлог. Не треба да кажам дека по логика на едноставноста сите ќе нè знаат само како Македонија, а во заградата ќе стои една од равенките од генералната теорија на релативитетот на Ајнштајн, поконкретно една од оние кои се бават со обидите за научно разбирање на една од најголемите непознаници во светот ден денес, гравитацијата.
Релативност и гравитација. Одлични синоними за т.н. преговори во кои за прв факинг пат во историјата на човештвото, лутиот комшија на кој му се рони бисерот малку по малку, секој ден додека постои независната република Македонија инсистира дека ако сакаме да седнеме на сепаре со него и неговите другарчиња во диското наречено Еуфорија, патот до мекото седиште ќе треба да го поминеме од под маса.
Релативно е сè. Стварно. Глупиот муабет околу името е жив доказ. Релативна е љубовта на Европа кон нас. Релативен е и непречениот прием под референца во сите организации. Релативна е и привременоста. Три месеци некогаш се навистина 21 година. Релативно сериозен е и мојот пристап кон решението на проблемот. Релативно е времето, пер се. Ние и нашиот животен век сме само едно зрнце во сите овие 13,8 милијарди години постоење на овој универзум.
Во нормални услови, со здраворазумски пристап, разговорите околу името би траеле минимум уште толку време. Стој Европо, причекај нè. Супер сме за во друштво.
betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT