Зошто немаме муабет?

Среќата со пцуење не се купува

Така да, јас ќе ти кажувам, а ти не мора да ме слушаш ако читајќи од кого доаѓа, со презумција на апровинцијалност ти се потслошува на кажаното. Да се изразам со речник на еден доктор по философија: тоа ти е исто како женско стенкање при секс. Ако доаѓа од под тебе, си лудо среќен. Ако доаѓа од кај комшиите, си окезен и радознал. Али ако доаѓа од собата на сестра ти, ставаш слушалки и пушташ Пантера до даске. И 10 години подоцна пцуеш луѓе на нет.

 

Заврши европското кошарка, мада последните две недели од првенствово не ги ни гледав. Ранет лав сител не гледа. Фала богу, фудбалскиве првенства земаат залет и викендов на пример беше сериозно интересно и куриозитетно низ фудбалска европа, како што забележаа записничарите: Балотели промаши пенал, Виктор Валдез одбрани пенал, Арсенал е прв во Англија, Барса имаше 49% посед на топка после 315 утакмици. Сајенс фикшн. Ко шо идат есенва, имат и други натпревари во вид на ѓезмиња по кафани (тврда подлога) и дворови (на трева), ајварчење и ајванчење, професионални дружби и солење памет со Јодирана или Вејдерирана сол. Мерачење до бескрај.

И зш ко ќе имат олку убај работи некој би застанал пред компјутер, би си дозволил нервоза па би растоварал чума во единици и нули, земајќи да си ги вадит својте дури барат внимание од туѓи очи низ последните автобуски станици на интернетските беспаќа?

Случај 1: Пред две недели имав една кратка несреќна размена на „мислења"со еден универзитетски професор – доктор на науки по философија (јас го прашав каде живее чим затворањето на граници со ЕУ му е симпатична идеја од која можеме да видиме арно, тој се понуди да ми ја среди сестрата) после која јас не бев ич побогат и посреќен бидејќи единственото шо го утврдив ко апсолутна вистина после муабетот беше дека ко ќе сељачизмот ко супкултурен правец се помешат со академизмот, многу сестри проплакуваат (среќа, немам сестра). Откако ни се сестроизнаеба, докторот сфати дека не бива кочоперење со „д-р тескере" од УКИМ во комбина со Дерида и Декарт од една и меракот на обљубување најмило на неистомисленици од друга страна, па ретерираше и во реторика и подзабриша двослојно зад себе. Сепак, горкиот мирис на академскиот пролив мене бар ме отќејфи за дискусија со овој „маж македонски" како шо се опиша себеси во око-за-око афектозност во која се обиде да го оправда своето акад-еротско писание како соломонска правда, џанам некој него го пцуел и навредувал, па неговото либидо одговорило самото по принцип на условен машки рефлекс („Извини шо ти ја опашав сестрата, ама ти си педер кој ме намами во брак").

Случај 2: Јас и драг Уредник Уредник Трендо имаме среќна судбина да делиме многу работи (астали, веб парцели, смисол за хумор, братска љубаф) но, како и сите среќни приказни, и во нашите биднувала и по некоја хуморескна па тажна заедничка именка. Дали тоа ќе е некој кој мене ме гледал ко вонаби Трендињо (по бразилски кажано), дали него го гледал ко Дарт Трендер, а ние бавчованџии негови продолжени раце стормтруперски, дали сум јас засебен Бетментитет кој добил простор на офф.нет.мк /и сеа со шепотење/ „со врски, зема плата од вемерото и мора да пишува таму" /одшепоти се/ - неважно. Има и такви кои зависно од дијагнозата и како ќе ги откачи бензодиазепинската терапија денес те сакаат, утре мајка ти им е смртен непријател. Си ги делиме, и во арно и во лошо. Позадината зад сите овие ликови е многу слична и најчесто нема врска со некој објективен НЗС, туку, кога нивната перцепција не кореспондира со личната реалност не чекаат ни миг него ги вадат лајнсејберите (ко лајтсејбер, само од...друг материјал) и започнуваат да се гаѓаат со храна за гладиоли. И тука мојата танталова мака како зајак лежи врз праг пред врата на кој пишува: „Welcome. Ако се гаѓаме со гомна, не може да мирисаме на љубичици".

Ако ги оставиш „да блебетаат", тие ќе си продолжат по свое. Ако не ги оставиш, стануваш „коркач на нивно ниво", ми рече еднаш еден мудар човек.

Сум пробал со игнор, сум пробал и со дозиран пејнтбол или слободни бацања со ископини од нос, некаде запалило – некаде не (ма нормално, така и треба да си е). Сега, да искористам гужва сакам да одговорам на многу чести прашања и коментари, кои во дневни дози не ги игнорирам во принцип туку бидејќи не сакам да ми засмрдува во мој атар, неправедно стојат на клупата за резервни прашања. Па ја користам оваа прилика одговорам бар некои од нив.

1. Гомно провинцијалско, ти ли ќе ми кажуваш за Скопје? – Да батка, ко шо ти кажуваш за лиснато со половина виршла во Охрид и прекорот во погледот на касиерката која намирисала скопско месо, или пак Миле кажува за мирисот во Венеција, јас ќе ти кажувам, посебно кога кажувам само убави работи (мимо некои професионални архитектонско-урбанистички замерки де), а не се изземам од неубавите како фискален обврзник во главноградската каса, џст лајк ју. Така да, јас ќе ти кажувам, а ти не мора да ме слушаш ако читајќи од кого доаѓа, со презумција на апровинцијалност ти се потслошува на кажаното. Да се изразам со речник на еден доктор по философија: тоа ти е исто како женско стенкање при секс. Ако доаѓа од под тебе, си лудо среќен. Ако доаѓа од кај комшиите, си окезен и радознал. Али ако доаѓа од собата на сестра ти, ставаш слушалки и пушташ Пантера до даске. И 10 години подоцна пцуеш луѓе на нет. Их, ама била забавна философијава.

2. ВМРО/СДСМ платеник! – Си сењор. А по потреба и на платен список на МОСАД, НАСА, ФИФА, ФИБА, Орландо Меџик, Замбија, Пица Хат, Ватикан, планетата Меркур, Ајфелова Кула, Орка-кит убица и други ентитети кои заковале заговор против тебе (доктор по философија би додал: или ти заковале некоја сестра, ха ха) бидејќи твоето лично мислење е постаро од Сонцето, попрецизно од додавање на Меси и повистинито од вистината за Македонија. Ју гат ми. И дури сме тука, да ти потврдам: Месечината не постои, а она на небо е голема пита од сирење која еден ден Марсовците кои живеат под Розвел, Њу Мексико, ќе ја стопат со насочување на Сончева бура кон неа. И уште една тајна: Сонцето не е насмеано како што го црташе во градинка и забавиште, туку е намуртено и луто ко маалски тепач со мало ку*ре. И једва чека да нè претвори во шопска.

3. Престани да блебеташ! / Прекини со сеирот бе! – Еве веднаш. Доаѓаш на мојот фејсбук ѕид без пиштол на чело туку како херој со кубур на ревер и врз моето мислење императивно ми забрануваш понатамошна дискусија по темата, потприсакуваш промена во тематика или реторика, да сменам маица или да направам десет брзи склека. За споредба, тоа е како јас да седам во мојата дневна соба, на семејна слава и разговарам со пријатели, а ти ми влегуваш дома без звонење (нели, слава, вратите се отворени) и ми забрануваш муабет по некоја тема бидејќи не се согласуваш со моето мислење. Е сега, бидејќи ти, ценетиот читател/гостин така сакаш, КУЛТУРНО Е да оставиш и трансакциска сметка каде би можел да ти ги вратам парите кои ги плати за овомесечното следење на моите текстови. Муштеријата е секогаш во право, а јас не сакам да ми се срдиш или да се разочаруваш. Добиваш потполно рефундирање за трауматскиот месец и попуст во претплатата за статуси за наредно тромесечие, додека пак линковите од песни и други текстови ќе ти се бесплатни за викенди од 22:00 до 07:00. Има ли подобра понуда од оваа? Ни машината за перење не те сака ко јас.

4. Дечко, не си интересен – Но затоа ваквото укажување - е. Уживам во секоја ваква реплика која содржи лаконски заклучок како апсолутно право на секој читател до кого допира опсегот на достапност на некоја објава (приватна, полујавна, јавна). Досадни се оние кои коментираат повеќе од три збора. Дојди, опцуј, навреди и замини си. Така се разговара. Пред некој ден едно момче ми пиша „Да ми јајш куро". Евала, тоа е тоа дигестивно партизанство. Друго девојче на кое ѝ се лошело од моите статуси „едвај чекала да завршам во затвор, а тоа ќе било за брзо". Но, дотогаш, како да се издржи постоењето на некој кој не ти доаѓа дома како Јеховин сведок или не ти рецитира псалми ко серенада под прозор, туку пишува во неговиот интернетски вилает за работи кои го интересираат бидејќи го интересираат, на начин кој му е интересен? Со закани, пцовки. Демократски, по оној познат принцип: ако не се согласуваш со моето поимање на демократијата, не смееш да го кажеш твоето. Брилијант.

5. И сеа треба да ти кликнам лајк? – Никако. Кликни ми со чекан на прстите додека висам на оградата од твојата тераса и ти го повторувам мојот најнов статус или рецитирам пасоси од овој текст. Предупредување: ако кивнеш додека ти зборувам, остави го чеканот. Тоа значи дека кажаното е жива вистина и дека заслужувам да постојам. Смилувај се и дигни го императорскиот палец нагоре. Одважно поклони се пред аплаузот на публиката, а на лавовите фрли им ГМО бифтеци. Од ранети направи ги нахранети.
Има уште, ама нека ги за друг пат кога ќе треба да се прави рифреш на комуникологијата на интернет.

Мрежата не е моја. Не е твоја. Наша е, заедничка. И сите сме тука со една иста причина: да се чувствуваме подобро. Затоа некој пишува, некој чита, некој коментира, некој сè одеднаш. Критиката е неопходна, критиката е потребна. Критиката ме интересира, ама „Да ми јајш куро" или „сестру ти јебем" не е критика туку во најмала рака (ха!) понуда, фројдовски коментар, асексуален крик или промашен пенал.

Исто како низ спортска Европа: Балотели промаши пенал, Виктор Валдез одбрани пенал, Арсенал е прв во Англија, Барса имаше помалку од 50% посед на топка после 315 утакмици но победи со 4-0. Некој на интернет не зеде да го пцуе својот противник во мислењата, туку водеше аргументирана дискусија. Или го игнорираше „туѓиот погрешен став" и зеде да се фокусира на работи кои го прават посреќен. Како мирисот на ајвар во рана есен, како живели со пријатели кои не си ги видел долго време, како уживање во филмот кој не си го гледал од втора средно, како убава нова книга која седи нечепната во фиока како принцеза од Дизни.

И зш ко ќе имат олку убај работи, некој би застанал пред компјутер, би си дозволил нервоза па би растоварал чума во бинарен код, земајќи да си ги вадит својте дури барат внимание од туѓи очи низ последните автобуски станици на интернетските беспаќа?

Хеј, некој едноставно не сака да е среќен.

betmenvelit@gmail.com, @BatmanSaysT

23 септември 2013 - 15:57